Како "Бернајс пропаганда" отвораат чакри?

Не, не само преку нивната музика. Крешимир Мишак го знаете, оној дечко од ХТВ кој ја водеше емисијата "На рубу знаности". Една од неговите омилени теми е општествениот инженеринг. Како Мишак подетално навлегол во таа тема? Тука почнува "мистеријата"....

Случајност на денот

Можете да отидете во кино сам а случајно да излезете од таму со друштво во срцето. Можете на платното да го гледате "Малиот принц" а покрај себе случајно да имате еден друг мал принц. За случајноста, за оние моменти кога сте подготвени да гледате едно а ќе видите нешто сосема друго. Обично ваквите исповеди одат со наслов "писмо кое ќе ви го згрее срцето". Ама, само до вас е колку ќе трае таа топлина.

Браво за Велес

Велес е град кој си има свои гајлиња, од загаденоста на почвата и воздухот, преку лутата немаштија па сè до пустата навика на постарите да плукаат семки од сончоглед кај ќе стигнат. Но, ќе видите едно видео на кое барем малите велешанчиња изгледаат светски и заштитени од проблемите на својот град. Благодарејќи на персоналот и пријателите на градинката Димче Митрев, децата таму се новогодишно спастрени, онака како што заслужуваат сите деца на овој свет.