Запознајте го Среќко, новиот во „Фарма“

И ние сме знаеле јаки кандидати да дадеме за тоа срање од реално шоу ама бидејќи во тој формат ниедно дно не е конечно, во овогодинешниот кастинг се нашло место и за Среќко Вучиќ. Пред десет години имаше документарец за него, со сите негови ПТСП демони, наци тетоважи и поривот „Да го земам калашњиковот и да потепам пола село“. Со среќа.

Килимчето од лозјето

Досега никој се нема вака изругано со Јунајед стејтс. Ни на Путин не би му текнало вака да ги мајтапи. Многу се цареви, значи многу.

Охрид ваква јагма нема видено!

Никола Димитров, Јани Макрадули и уште по некој, во велелепниот простор на Антички словенски театар, на заинтересирани охриѓани им ги објаснуваат предностите на Северна Македонија. Ги знаете ли гужвите на Блек Фрајдеј? Е па, не. Пошто на Блек Фрајдеј се попусти, а ова е распродажба.