Во 1827 г. Русија, Велика Британија и Франција потпишуваат т.н. „Лондонска конвенција“ со која за Грција се предвидувала автономија. Османлиската Империја одбива да ја признае конвенцијата и истата година здружени руско-британско-француски поморски сили ја поразуваат турската флота, а во април 1828 г. Русија и објавува војна на Турција.
По успешните воени дејствија на Русите на Балканот и во Задкавказјето, во септември 1829 г. Турција е приморана да потпише мировен договор, според кој, меѓу другите отстапки кон Русија, ја признава и автономијата на Грција и Србија.
Во прилог доставувам документ-писмо меѓу двајца Бугари од 1830 г., со молба до тогашниот српски Кнез Милош, за да не останат под турска власт, од Бугарија во Србија да се преселат мноштво Бугари со цели фамилии, затоа што се од „ист род, ист јазик, иста вера и обичаи“ како Србите во Србија.
Ако може некој од членовите на т.н. македонско-бугарска „Заедничка експертска комисија за историја“, од било која од страните, да ми одговори кога ќе се формира иста таква комисија меѓу Србија и Бугарија, за да утврди и даде насоки за славење на нивната „заедничка историја“?
Писмото во оригинал е напишано на грчки јазик, и преведено на тогашниот српски и бугарски.
Објавено во:
Известия на историческото дружество въ София, Книга I, 1905, стр. 18-21.