Пендаровски, со какви идеи си ти?

За среќа, ни за него ни за многумина други веќе не мора да си ја траќаме главата околу оваа дилема од народната песна. Бидејќи бурата низ која минуваме, некому ќе му фрли прашина во очи ама затоа некому ќе му ја оддува маската.

За Правината и Кривината

Дали Кривината е во право, само затоа што многу ќе вика? Дали Правината ќе остане чиста ако поверува дека постои бесплатен ручек? Поздрав од Цепенков.

Бугарска апашаана

Значи, ајвани се, па тоа тие. Ја имаат препеано македонската „Едно име имаме“ па добиле „Б’лгарија цела да е, секој да ја знае!“ И ако во овдешната верзија фалеа уште „два-три дела па да биде цела“, во нивната мањкаат, ни помалку ни повеќе туку - 8 дела!

Венчаницата на Тито и Јованка

Нормално, Тито едно поле оставил празно. Оти кај собира под „занимање“ да напишеш „најголемиот син на југословенските народи и народности“? Ама ете, Јованка и таков го сакала. И, што се вика, избуткаа една живеачка. Љубов.