И тоа дочекавме: „Македонско девојче“ на грчки

Млади левичари од Грција кои имаат многу против НАТО а ништо против наша Македонија, со песна ги ребрачат Мицотакис и десничарите. Откако и ние влеговме во прекрасната Алијанса, останаа само мигрантите да се криви за проблемите на Гркот. 

Хрвативе да не останат нешто покусо од Велес

Не знаеме дали имаат дојава некоја од тука, ама и Загреб дочека да биде дезинфициран од лошите духови на ковид-19. Со среќа нека им е.

Shkup, Çair, март 2020

„Поминавме шефе, нема жив човек по улици.“

Одамна сме немале појак превод

Сентенцата може да се користи како пасворд за масони, како интимен поздрав меѓу другари, како алтернатива на Адамсовото „42“, како ритерн на сите глупоштини кои ќе ви бидат набацени:
- Читаше дека короната е од 5Г?
- Ве молам, Те молам, Данче, мајка ти!

Она прашање за реновирање може не беше толку глупо

Кога си во карантин па ќе си помислиш дека е тоа идеална прилика прв пат во животот да почнеш со вежбање. А жен ти уште па те форсера. 

Скопје како светска метропола

Требаше да се случи пандемија за главниот град на Македонија (Заев од зад некој жбун: СЕВЕРНА!) конечно да личи ама баш исто како неговите колеги од Европа и светот. Снимките од дрон покажуваат дека Скопје воопшто не било пренаселено како што го мислевме. Само дека во нормални услови, многу ни шетка газето.

Животот не е прес

Од 15.30 е затворена во автобусот пред Макпетрол, Маврово, чекајќи преглед за да ги сместат. Нема воздух, шоферот си отишол, нема кај да се бунат, затворени ко најголеми криминалци.