Разно

Ристе Тушевски, маестро по хармоника и Фејсбук

Ристе Тушевски е хармоникаш од Валандово (одличен, ќе чуете) кој има уникатен стил на користење на Фејсбук, кој го внесува во топ листата слични ФБ магови како што е Шопето, Коста Бургов, Иван Исцелителот... Ристе има неколку профили (мислиме дека се шест) од кои самиот се спамира и поздравува со таква упорност што друг човек не може на ред да дојде. Легендарни муабети.

ЕКВ во Кичево

Еден македонски Јутјуб канал извади пар драгоцени музичко-документарни бисери. На пример, ЕКВ во Кичево, на Кичевското кале, со полнокрвен концерт во 1992 година! Језа да те фати како било некогаш и кое дно сме сега. Кога ќе сумираш, денес пореално е некако да оживеат ЕКВ, отколку факинг Кичево.

Благој Нацоски до Микис Теодоракис

Маестро Теодоракис, најискрено останав длабоко изненаден читајќи ги Вашите изјави во денешното издание на грчкиот весник Прототема, кои се однесуваат на проблемот што Вашата земја го има со името на мојата татковина.

Поминете кај елките во Сити мол

Убава е таа идеја за новогодишна елка. Наша, ја китиме за нас и најблиските, под неа оставаме подароци за оние кои најмногу им се радуваат. Уште поубаво е кога ќе се сетиш дека постојат и други елки и подароци, на кои ќе им се радуваат некои кои поретко имаат прилики да го прават тоа. 

Скопската Јосипа Лисац

Гледам, од маглава, дури и врапчињата одат пешки. Нозе убиваат од одење. Почитувајќи го предимството на десна страна (или како беше тоа), на улица пропуштам едно стадо врапчиња кое некогаш било јато. Маршираат, пеејќи ја тажната корачница: „Хеј бато, хтела сам летјети, хеј бато, маглу ми пустили”.

Захарче, захарче, толкова си близо и същевременно толкова далеч

Како докажани љубители на милозвучноста и естетиката на бугарскиот јазик, ќе ви пренесеме препев на песната Yess Boss на данскиот музичар Микел Хес. Текстот е јако глуп, се сведува на една евтина алузија (дека тој ќе ѝ го даде микрофонот, хехе), ама за извесен Кънчо греота било тоа да не се долови на бугарски, па споделил во коментар на Јутјуб. И стварно, текстот останува јако глуп ама кога е на бугарски, некако не може да те испизди.

29 ноември, ами како!

Нека е честит денот кога македонскиот народ доби право на сувереност и рамноправност со другите народи од поранешна Југославија.

Париз меѓу вашите нозе

Доколку нечиј случај веќе не завршил како кула близначка во Њујорк, тогаш му останува надеж дека во својот интимен пејсаж ќе забележи дивоградба со калибар на Ајфеловата кула. Рекламче на ТВ Едо, последните цареви на македонскиот етер. 

Скопска и семакедонска промоција на книгата на Јана

Меѓу саемот во Франкфурт и оној во Белград, Јана и нејзиниот издавач го вметнаа Скопје, за уште едно запознавање со нејзиниот шармантен и свеж ракопис. Како која Јана? Наша Јана.

Добра и лоша вест во едно: Ним им е веќе јасно

Група клинци од некое македонско село се зезаат на тема ветувања деконструирајќи ја целата таа предизборна драма. И супер прецизно ги идентификуваат, небаре пола век ги слушале. Ете какви детски спомени ќе си носат со себе идните гласачи во Македонија.

Македонија да изгледа онаква како што изгледа нашето друштво

„Сите кои пишувавме во таа алхемичарската работница сакавме да оставиме пишан збор за тоа како изгледал нормалниот свет во наше време“, Отец Пимен на скопската промоција на книгата „Патувајќи“.