Разно

Македонија е свето име бе, мамето ваше!

За многумина единствена цел да се влезе во ЕУ е за да се има цицка за цицање. Ги заболе нив за европски идеали, култура и наследство. Под султан Реџеп би се вратиле ако им вети плата од 1.000 евра (под услов да не се напнуваат за тие пари). Такви склопови, не име, родена мајка би продале. Така што, бар вториот дел од насловот да допре до нив.

Грците предлагале Северна Македонија уште во 1992

После цели 26 години невешти маневри на Киро Глигоров и цела плејада македонски политичари, после оние глупости со добивање на спор против нив во Меѓународниот суд на ОН, после оние 140 земји кои нејасно зошто избрзаа и нè признаа под нашето име, двоецот Заев/Димитров доаѓаат до генијална идеја. Да ги заебеме на начин кој никој нормален не го очекува: начисто да им го прифатиме она што цело време го барале. Видкун Квинслинг лајкс дис.

Многу се моќни, моравме да попуш(т)име

Мал избор од фаци пред кои едноставно бевме принудени да капитулиравме. Страшна е тоа сила. Ама барем сега и ние ќе можеме да бидеме убави, софистицирани и напредни како нив. 

Добро, што не е јасно тука?

Замислете кога грчките преговарачи се закануваат дека ќе ги вратат преговорите на почетна фаза па повторно ќе отвораат прашања за иредентизам и сè друго, овие нашиве да го испечатат ова и да им кажат: „Ок, одиме тогаш по ред“. Не можете да замислите? Ни ние.

Кога беше јагма за македонски пасош

Погледнете една автентична „деновиве пред години“ сцена од пред македонското МВР,  кога само што почнуваа да делат компјутерски бројчиња за пасоши. Непоправливите оптимисти ќе се израдуваат затоа што вакви јадни сцени веќе нема таму. Ние другите знаеме зошто е тоа така.

Во Муртино никогаш не било лесно

Исповед на еден напатен Горан од наведеното струмичко село кој вика: „Не знаеме од дек да фанеме... дек да се оде... никој не знае кој, шо, ка, де!“ Како дек бе другарче, тргнувај за Скопје. Ама бидејќи е ова едно прастаро видео, веруваме дека во меѓувреме и Гоки се снашол.

Змија во школски двор во Скопје

До родителите на децата во едно основно училиште во Ѓорче Петров: дали инсистирате дека вашите мали мора баш до 10-ти јуни да одат во школо? ЕДИТ: Од школото викаат дека не е кај нив. И дека било „говор на омраза“. Ццц, да не се знаеле основни термини....

Македонец кој им ја вади маста на звучките на Ајфон

Наш дечко, зналац, купил Ајфон Икс и сфатил дека потенцијалот на звучките не е до крај искористен или пак дека фабрички понудените аларми и рингтонови се претивки за него. Седнал пар недели, штимал, твикал, штемуел, и извадил пар пакетчиња супер звуци. Ене го, на големо го фалат во рецензии по странски магазини.

А лудиот го заболе

Името па името. Вака, ако си имам мака со моето име, ако нешто не ми е по волја, ќе идам до кај што треба и ќе го сменам. На пример, ќе одам по ходници и канцеларии, и по некое време ќе ме пишат во лична карта, место Тихомир Јанчовски - Лутомир Џонс. Тоа, да. Може. ако јас сакам.

Имате поздрав од Антигва

Ја имам среќата скоро недела дена да терам одмор на рајскиот остров Антигва. Вчера, одејќи на плажа, ми приоѓа една жена за да ми понуди некои екскурзии на островот или на море и ме праша од каде сум.

Какви сè читатели имаме преживеано

Бидејќи беше јасно како може да заврши еден индивидуалистички сајт во раце на корпорација (ене го, го нема), пред да се одјавиме и да го предадеме Он.нет, го симнавме сето она што го имаме пишувано на старата адреса. Понекогаш е интересно да се прелистува таа содржина, како по времеплов. Особено кога ќе наидеш на нешто како што е писмото на Бурим. Читнете колку е цар, мамата негова прекрасна! Пра-татко на денешните дрвачи од социјалните мрежи!

Како е да се има Тесла во Кратово

Репортажа на едни дечки кои решиле да прошетаат со електричен автомобил по затурените делови на ЕУ и затурените делови на вона би ЕУ. После Романија и Бугарија, ете ги кај нас во Македонија. Поточно во Кратово, градот кој толку цврсто е на земја што изгледа не му ни треба заземјување.

Добри ли се денес и како ли остареа овие млади социјалисти?

Ова е химна на подмладокот на Социјалистичка, некаде од почетоците на транзицијата. Во музичка смисла „проектот“ е на трагите на Bend Aid (SPM for Africa: Did they know it's lunch pause time?) а во текстуална смисла -  малку Мира Марковиќ (Срце је на левој страни) и многу рима: глобалист, хуманист, социјалист, нудист... Во режисерска смисла - кога ќе се спомне "визионер" автоматски оди кадар на Љубисав Иванов, со повремени упади на Гоце Делчев. Факат е ужасно ама заради целата таа наивност и чедност, скроз лајк.

Позајмени писма на читатели

Бидејќи во секојдневието сè потешко наоѓаме тема која излегува од вообичаените дихотомии за кои рајата се крви на Фејсбук, прибегнуваме кон едно сентиментално бегство во минатото. Годината е 1978, темата не е политика туку плоча. На Здравко Чолиќ. Дали рипа или не рипа. Ќе се живее ли овде некогаш во еден таков тематски луксуз?   

ТАЧКА Е СУВА ЛЕПОТА!

Вепоздрављам сите. Вемолам нека постои!

Ајде Турче, врати ни малку гордост околу Македонија

Убава акапела изведба на една наша песна на студентите од турскиот Универзитет Богазичи. Немаат тие гајле да кажат дека песната е македонска, не се како оние шупци на кои по интервјуа им стиска да зуцнат име па викаат „мојата земја, мојот народ“.

Последен поздрав до мајсторо

Монката беше роќенрол, хумор и харизма у движење. Шампион за одјебување на ирелевентни коментари од луѓе шо само одат на работа, јадат и спијат.