Ги видоа резултатите од првиот круг претседателски избори па фатија со она дека ја разбрале пораката, дека ќе има чистка, ќе работи метлата. Одиме со првиот човек на Битола, градот кој е економски запуштен, човечки опустен, со отровен воздух, со црни ракови и уште триста бељи на врат. На 24 април 2019 година, три дена после гласањето и „разбраната порака“, Наташа Петровска има да го каже ова: