Од Макрон чекавме да мрдне само со веѓа па ние да толкуваме што тој потег со веѓата значи за нас. Не само што мрдна со веѓа туку фино-лепо и надолго-нашироко објасни за што се всушност се разговарало на средбата со Меркел (средба која овде се претставуваше како мисија за убедување околу Македонија).
Внимателно ја преслушавме прес конференцијата на Макрон и поименично ОВА се темите за кои тие двајца разговарале:
- како европјаните и особено Франција и Германија да ги бранат своите заеднички интереси и вредности, откако американските пријатели се дистанцирале од некои теми;
- заеднички програми за вселенска одбрана;
- декларацијата од Тулуз;
- германската климатска програма;
- усогласување со мерките на Светската трговска организација за да се избегнат компетитивни дисторзии;
- трговските тензии во Европа и светот;
- Ербас;
- инвестиции и иновации;
- регулирање на дигиталните гиганти;
- билатерални проекти на двете земји кои се надвор од европската агенда;
- вештачка интелигенција;
- лансирање сателити;
- лансирна индустрија за европските ракети;
- идни заеднички воени и оружени системи;
- правно обврзувачки договори за извоз на оружје;
- земјоделство и заедничка агро-политика;
- култура;
- прашањето за копирајт во дигиталното време и заштита на правата на оние кои создаваат содржини;
- отпорот на Гугл околу тоа;
- брегзит (се финализира);
- Иран;
- турската офанзива во Сирија;
- Украина;
- потребата од посилна франко-германска коалиција.
И тоа е тоа. За проширување/непроширување беше нешто промумлано во одговори на новинарите. Кој не верува, нека фаќа свој стенограм.
Им се извинуваме на оние на кои им го кршиме филмот. Ама, гледан ни е.