Шлајфување во место

Ниту едниве се партизани, ниту другиве се комити, туку за жал, жални необразовани избричени политиканти што не познаваат ништо освен болшевичка шема на говор на омраза во која тие се хероите а спротивните гадовите.

Ц,ц,ц... се јавија „патриотите“ од обете страни. Речникот им е како од безвреден соц-реалистички филм од педесеттите. Треба да им стане јасно дека ова не е ни 1903, ни 1943, туку 2016 и Македонија не е окупирана од „непријателот“ туку си има своја државност.

Ниту едниве се партизани, ниту другиве се комити, туку за жал, жални необразовани избричени политиканти што не познаваат ништо освен болшевичка шема на говор на омраза во која тие се хероите а спротивните гадовите. Да сте учеле на школо што е „култ на личност“ немаше да ги лаете имињата на „лидерите“ на вашите собири, нели?

Изборите поминаа, ќе се формира влада, а кој ќе влезе во неа - ќе видиме. Има повеќе опции. И не е битно дали мандат ќе добие сдсм или вмро, и со кого ќе коалицираат, битното е да се спроведат судските процеси (и тоа неселективно) и корумпираните политичари (меѓу кои се лидерите на сдсм и вмро дпмне) да одговараат за криминалот што сите го слушавме а помалку го гледавме. Сè додека барем двајца бивши премиери, двајца бивши министри и двајца сегашни градоначалници не завршат в затвор, Македонија ќе си шлајфува во место.

А местото не чини.

Тихомир

13 декември 2016 - 08:50