Сакавме авторска музика, еве ни авторска музика

На многу дечки им имаме пишано дека нема да ја објавиме нивната кавер верзија што ни ја пратиле. А биле и инструментално перфектни и спотовите им биле добри. Сме им пишале дека ние би да форсираме авторска музика, бидејќи кавери водат кон тезги а тезгароши овде кај нас пуна капа. Дојде време таквата уредничко-музичка политика да ни мавне бокс. 

Пред нас е Ацеман Стаменков, човекот чија песна Чија си убавица има премногу авторство во себе за да можеме ние неуки да се мешаме. Само два хајлајца:

од текстот:

Зарем не ти беше убаво,
ќе му ја скршам главата.

од видеото:

Она склековите, чему тоа?

Пред да ве пуштиме во канџите на Ацеман Стаменков, само да напоменеме дека зад ова аудио-визуелно доживување на Ацеман Стаменков, стои продукцијата на Ацеман Стаменков, наречена - види богати -  Ацеман Стаменков продакшн.

Врзете се, ево вам хит један кроз један:

Немој некој да го гањал и хејтал малиов, ние ќе му ја скршиме главата. Да ве потсетиме на зборовите на самиот автор:
- Зарем не ви беше убаво?

 

19 август 2015 - 16:50