Пред употреба внимателно да се одлепи (плус известување од Алкалоид)

*******************

Дополнително, производителот ни го прати следново известување до потрошувачите:

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ПОТРОШУВАЧИТЕ
Алкалоид АД – Скопје ги известува потрошувачите дека, согласно со позитивната правна регулатива, за производот Caffetin COLDmax е извршена промена на рокот на траење од две (2) на три (3) години на сите досега произведени серии кои се во промет.

Промената е извршена согласно со одобрението од Бирото за лекови – Промена за одобрение за ставање во промет бр. 15-1294/12 од 23.03.2012 година, издадено согласно со ЕУ-правилникот (EC) бр. 1234/2008. Рокот на траење на сериите кои се во промет е заклучно со 12/2014 година. Истата промена е направена во ЕУ-пазарите согласно со ЕУ-процедурата UK/H/4711/001/IB/001, одобрение од 05.09.2012 година.

Како што е горенаведено, Алкалоид АД – Скопје истата промена ја направи како во Македонија така и во извозните пазари каде што овој производ се продава, па промената од две (2) на три (3) години рок на траење е направена во сите земји членки на ЕУ каде што производот е регистриран, а тоа се: Англија,
Романија, Словенија, Хрватска и Бугарија, согласно со решението за промена на рок издадено од MHRA (Medical and Healthcare Regulatory Agency) во Англија.

Алкалоид АД – Скопје останува доследен во исполнувањето на највисоките стандарди во фармацевтската индустрија во Европа EU – GMP (European Union – Good Manufacturing Practice) и им го гарантира квалитетот на потрошувачите, како за предметниот производ така и за сите останати производи во
Македонија и во извозните пазари.

Со почит,
Алкалоид АД – Скопје

2 декември 2013 - 08:50