По долго и тешко боледување, на 62 годишна возраст, почина Владимир Антонов. Правник по образование, Владимир Антонов, своите најплодни години ги мина како новинар и уредник на деск во Македонската телевизија, во Сител и во Канал 5, а кариерата ја заврши како уредник на вестите на англиски јазик на скопски Промовенс.
Како ерудит и мајстор на пишаниот збор, Владе Антонов, беше учител и ментор на многу денес познати новинари и уредници во многу медиуми во Македонија.
Последна почит на чичко Владе ќе му биде оддадена во сабота, на седми јануари, во капелата на гробиштата Бутел, во 10 часот, а погребот ќе биде извршен во 11 часот.
Ќе ни фалиш мајсторе.