Весна и Александра ќе тргнат на 24-ти јули од Загреб и планираат да ги поминат Хрватска, Босна, Црна Гора и Албанија за да конечно стигнат во Прилеп, конечната дестинација на нивната несебична идеја.
Нивното педалење од 1.200 километри има само една единствена цел - да се соберат пари за Основното музичко училиште "Ордан Михајловски - Оцка" а талентираните деца од тоа школо да добијат пристојно концертно пијано.
Го паметите првото музичко парче кое некогаш сте го чуле....го памтите играњето во дневна на плочи на вашите родители.... моментот кога првпат фаќате инструмент в рака.....
И да не паметиме, има деца кои заслужуваат да ги имаат тие моменти.
Затоа, пијано за Прилеп.
27 луѓе за само два дена стигнале до 580 фунти.