Ние сме Македонци, што сакаат нека кажат

„Македончик“ е полски документарец кој го прави Петро, син на Мито, еден од бегалците од Егејска Македонија кој завршува во Полска. Петро се враќа во селото на татко му и средбите со луѓето се фасцинантни и длабоко трогателни. Што сè не направија Грците да ги одродат овие луѓе и ама баш ништо не им можат.  Нејќеме да ја поврземе приказната со Преспанска Македонија пошто ќе фатиме да пцуеме и нема да престанеме.

*****

 За жал, за Шештево на интернет има само една статија на бугарската Википедија по која селото е полно со Бугари. Таквите фино да го преслушаат стариот кој првпат се појавува на 18:40 а подоцна го има и на 29:55

*******

ЕДИТ: Грешка сме за последново.

Здраво Трендо,

Во написот „Ние сме Македонци, што сакаат нека кажат“, на крајот имаш посочено дека за селото опишано во филмот постои статија само на бугарската Википедија, што не е точно. Имено, статија под наслов Шестево (истото село), постои и на Википедија на македонски јазик и тоа е прилично добро уредена.

Поздрав
Тони,
администратор на Википедија на македонски јазик

19 ноември 2019 - 12:56