Најкомпанија на Твитер: Ние.

Втора година по ред (иха, традиција!), нашето присуство на Твитер (@offnetmk) публиката го изгласала за најдобро претставување на една македонска компанија на оваа мрежа. Баш ни е драго.

Blogirame.mk го организираа второ доделување на Твитер и Блогираме награди за кои изминативе недели гласаше македонската интернет публика.

Листата на добитници ја преземаме од it.com.mk (бидејќи некои од нас не можеа да дојдат во МКЦ а  оние кои дошле, биле на пиво):

Блогираме награди

Тwitter награди

  • Најдобар твитерџија/ка кој почнал да твита во 2013 година: @TheFitzzz;
  • Најдобар твит во 2013: @_Sajsi - „Порано се знаеше бе… ќе се баците и дечко и девојка сте. Сега ќе се утепаат од ебење и уште не им се знае рилејшншип статус.“
  • Tвитерџија кој оваа година најмногу напреднал од стартот на неговата твитерџиска кариера: @estavrevska;
  • Tвитерџија/ка кој e најкорисен: @VlatkoVasilj;
  • Најкомпанија/организација на Twitter: @offnetmk;
  • Најтаг за 2013: #најубаво;
  • Најдобар аватар(и): @ChaseWork;
  • Најдобар твитерџија/ка во #третасмена: @mitkav;
  • Најдобра твитерџика:   @_sajsi;
  • Најдуховит твитерџија/ка: @Sulimanovic;
  • Најактивен твитерџија од дијаспората: @JustPurpling;
  • Највлијателен твитерџија/ка: @VlatkoVasilj.

Трендоленд и Offnet се среќни заради сите кои го препознаваат меракот со кој го работиме сајтот. Да знаете какви софри правиме, ќе нè прогласите и за доживотна најкомпанија.

Твитер наградата за 2013-та ќе биде закачена до онаа од лани, на најсветото место во нашите простории, постерот на Гоце Арнаудов, кој некогаш го користиме и за праќање писмени потврди.

Фала уште еднаш. Се следиме.

5 декември 2013 - 11:17