Некои нови ветришта дуваат во жанрот "свадбени видеа". Ова е приказната за Емилија и Бојан кои се среќаваат во салон за виљушкари (на Холивуд ова не би му текнало) каде што таа работи а тој се прави заинтересиран да си купи нешто. Хемијата е тука, виљушкарите се тука, а за среќа, по првата разделба, Емилија се затрчува да го стигне Бојан за да му даде - флаер. Хмм.
Подоцна, како судбинска се покажува една нивна деловна средба на мезанинот на салонот каде што ќе си пуштат раче покрај виљушкарче. Нормално, видеото е со хепиенд и на младенците им посакуваме многу здравје, среќа, љубов и некад да ни дадат кругче.