За каков "викенд" зборувате во време на пандемија, затворени граници, прогласена вонредна состојба и ограничено движење на луѓето?
Стопиравме сѐ, со цел да се фокусираме на здравство и спасување животи, а за време на викенд имаме намален број тестови?
Правиме скара, се трезниме па од понеделник продолжуваме со борба против пандемијава?
Во услови на субминимално тестирање, најави за "враќање во нормален живот", отворање локали и намалување на рестрикциите се штетни, опасни и ќе донесат жртви. А не пак организирање избори.
Се оградувам, и како лекар и како човек.
Немам членска од Алијанса или било која партија, ја споделувам графиката на колегите Арбен Таравари и Беким Татеши бидејќи верувам на податоците кои се инпутирани од нив. Сината крива е број на нови случаи, портокаловата крива е број на направени тестови за истиот ден. Погледнете го наглиот пад на 26.04 по пикот во број на тестови на 24.04 и безмалку рамната линија потоа, преполовување...
Ако е така да нема пациенти сомнителни кои треба да се тестираат, лабораториските капацитети треба во полна пареа да почнат со скрининг на здравствените работници, веднаш.
Еве од матични лекари почнете.
доктор Ненад Лазаров