Интервјуто по кое ќе викате „отом потом“

Некои бркаат покемони, ние ова. Чујте и после пробајте, ќе видите како тоа функционира во секоја можна прилика (без разлика дали таму му е местото). Како што всушност, отом потом, е приложено во домаќинскиот и патриотски муабет со организаторот и уметничкиот директор на првиот иселенички музички фестивал во Прилеп.

Ако во горното видео не собравте минимум четири „отом-потом“, не можете да одите на следно ниво.

А таму, човекот кој сè уште не станал ѕвезда е на 26:45.

За одбележување е и поздравниот говор на прилепскиот градоначалник (истовремено роб и промотор на општиот невкус врамен во демохристијанскиот триаголник Цеца-Брена-Лукас), кој на присутните им го влепи (3:12) дека „колку се подалеку од Македонија, толку патриотизмот им е поголем“. Тоа е проблемот бе друже, што не мрдате нигде.

Предупредување: Снимката трае еден час. Гластонбери, Таксират или Лолапалуза вода да носат.

   

23 август 2016 - 13:12