И Македонија има "badass" женски

Базфид има статија со наслов "17 Badass Women You Probably Didn't Hear About In 2015". Ги има тука секакви а ги има и наши. 

Една е Авганистанка која од гаќи ги вади Талубанците бидејќи е пилот, ги има 57-те ученички кои им избегаа на Боко Харам, малите девојки кои од Марвел побараа да имаат повеќе женски супер-херои, групата Црните мамби кои ги бркаат лакомите ловци на заштитени животни....

Интересна е таа листа.

Ние ќе застанеме на број седум:

"Не користам често шминка а кармин ставам само кога сакам да го поправам уморниот изглед од систематското суспендирање на слободата".

Значи тука и значи број седум.

А таа слика е една од галеријата која ја имавме на почетокот на мај, со наслов Најубавото од Македонија, мај 2015.

17 декември 2015 - 09:23