"Би се викал Барбара" е краток документарен филм за Филип Јаневски Фифи, 22 годишното момче од предградие на Скопје и неговите две најголеми желби: да стане девојка и позната пеачка. А има вродени предиспозиции за двете. Со среќа Фифи и ич да не ти чуе. Само една молба од овде, кога ќе ја оствариш првата желба, немој да стануваш една од оние досадните кои викаат: Леле, вие мажите сите сте исти.
Режија и сценарио на Ана Јакимска, асистент на режија е Андреј Георгиев. Бранко Костески - камера, Сашко Потер Мицевски - монтажа и Сандра Ѓоргиева - асистент на монтажа. Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности - Скопје.