Реакцијата на Паркинзи - Општина Центар по повод случката:
„Сакаме да Ве известиме дека според записникот од извршен увид на лице место од страна на овластените службени лица при Министерството за Внатрешни Работи на Р. Македонија и мерките земени во моментот на случката, се констатирало дека каблите кои што требале да бидат на висина од најмалку 4,5 метри според член 37 од Законот за јавните патишта (http://makedonijapat.com.mk/uploads/JAVNITE_PATISTA.pdf), биле под прописот за над 90 центиметри. Службените лица од T-home претпоставуваат дека поради лошите временски услови се намалила затегнатоста на каблите и се спуштиле под дозволената висина. Висината на пајак возилото со товар, според записникот, во тој момент била 3,6 метри"
Живи здрави,
Со искрени желби за понатамошна непрекината оптика,
Е.