Клинички или Кинолошки центар?

Вообичаена дневна сцена (ноќе знае да биде појезиво) од Клиничкиот центар во Скопје, демек врвната медицинска установа на РМ. Десетина улични кучиња си бркаат работа, бранат некоја територија, си знаат тие што им е во главата. И после некој со патерици треба да помине низ таа „спорна“ територија. Или некој кому штотуку ми била соопштена лоша дијагноза. Или кој и да е, небитно. Да се разбереме: ова не е повик до лудаците да ги трујат кучињата. Ова е повик некому да му текне на луѓето.

 

25 декември 2017 - 11:59