Во спомен на Шева, сонцето наше драго

После сè што сме изгледале (а сме изгледале многу), без грам дилема носиме заклучок дека емисијата на Жељко Малнар „Ноќна Мора“ беше најдрагоцениот тв проект кој се случил на пошироките наши простори.

Такви шамари на таканаречената „нормалност“ што оваа екипа животни губитници ги има (и несакајќи) нанесено, е просто, неповторлив феномен. 

Без разлика на тоа дали нивната неповторливост беше сесрдно помогната од алкохол (Шева), дроги (Цезар), комбинација (Лаки), краток фитил (Јаран), природна гребнатост (Ремзо) или сеирџиски табиет (Брацо), тоа е екипа која ти прави лиги - во какво царство на слободата тие се потонати. 

Или пак, почнуваш да веруваш дека сето ова е стварно некој Матрикс, а оној кој ги пишувал кодовите на Шева бил тежок приправник.

Еве овде, пазете го тој след на... мда.

Гледајте го цело видео за да ја сфатите теоријата за Матриксот: Шева е толку фушерски „напишан“ што нема идеја дека баскетот ќе отскокне од земја и ќе го збичи по нос.

*************

За пошироко запознавање/потсетување:

Ноќната мора на Малнар

Кога Малнар ја тераше Лидија пред Мишо

Што има ново со Јаран?

Детал од нашите простори:

 

29 септември 2021 - 14:46