Група деца безгрижно си играат во белградскиот трговски центар Галерија (меѓу кулата Белград и мостот Газела). Татковците се отидени да пуштат ливче на спортска и после на по едно пиво, мамичките некаде пијат кафе и зборат какви сè ужасни ликови има во реалното шоу Задруга. Пардон, родителите 1 и родителите 2.