Младен Грдовиќ важи за најпознатиот љубител на беванда на хрватска пејачка сцена. Својата алкохолна промоција во црните хроники ја има уште во 2004 година кога со својот Ферари од 200.000 евра се забива во бетонскиот ѕид на неговата семејна куќа а после се дозабива во бандера. Во болница стигнува во 2,7 промили.
Три години подоцна, во ѕид се забива и со својот Мерцедес С500 со кој се одвезува до дома, но полицијата брзо го наоѓа. Одбива алко-тест, се вади на тоа дека е можно да пиел откако се зачукал со колата.
Две години подоцна, под дејство на алкохол во 2009 го демолира својот дом а потоа насрнува на својата сопруга Бранкица, на која ѝ вика: „Сакаш да се тепаш со мене? Сите ќе ве испоубијам!“ Го носат во полиција и подоцна е осуден на условна казна. Се пријавува за лечење во психијатриска болница. На излегување ветува дека нема ни да пипне беванда. Условната казна ја прекршува после 6 месеци и бива осуден на 20 дена затвор.
Истата година на младенци кои го ангажирале да им пее, им ја расипува свадбата и повторно оди на лечење.
Година дена подоцна, сообраќајна патрола го фаќа со 2,8 промили. Грдовиќ најавува дека ќе му помогне модерната медицина, тоест дека ќе стави поткожен чип од кој ќе му се гади да пие беванда.
Во 2011 година првпат паѓа на сцена во Цриквеница, но продолжува да пее, од под. Јасно дека чипот уште не му е ставен.
Истата година публиката на Пољуд, дојдена за Хајдук-Андерлехт, го с'ска да се соблече. А Младен ја слуша публиката. Ништо од чипот.
После Ферарито и Мерцедесот, во 2011 година во бетонски ѕид го уништува и својот Јагуар. Со него била и сопругата Бранкица која во меѓувреме му се смирила. Му ја одземаат возачката на осум месеци.
Во 2103 година му стигнува пријава за нарушување на јавниот ред и мир. Го пријавува Бранкица на која почнал да ѝ се дере и заканува во ниедно време, под дејство на алкохол. Очигледно уште не е стигнат на ред за вградување на чипот.
Во 2104 година на Пољуд прави инцидент со украински навивачи дојдени за утакмицата Хајдук- Дњепар. Од стадион го изнесува полиција, му мерат 2,5 промили.
Година дена подоцна забива уште еден Мерцедес. Овојпат од местото на инцидентот си заминал пешки, попат си купил леб.
Истата година, сообраќајна полиција го фаќа со 2,3 промили, овојпат возејќи црвен Јагуар.
Во 2016 година со лисици на раце го вадат од дома, каде што повторно демолирал покуќнина и насрнал на Бранкица на која ѝ нанел лесни телесни повреди. Разговорот со него можел да се обави дури еден ден подоцна, бидејќи не можел да зборува. Хоспитализиран е на психијатрискиот одел на болницата во Задар каде го прославува својот роденден.
Во 2016 година го бележи личниот рекорд, 3,61 промили.
За крај: