Како ѝ се одговара на инфлуенсерка која бара гага

20 годишна хрватска „инфлуерсерка“ (инфлуенсерка обично е девојка со кусок знаење и вештини а со вишок време која за прашање кое никој не ѝ го поставил, вика „Сите ме прашуваат...“) на ресторан од Пореч му понудила „компензација“: тие неа да ја угостат бесплатно а таа да го фотне тоа и да ги тагне на Инстаграм (тие тоа го викаат „интернет маркетинг)“. Аха, ок.

Од ресторанот ѝ одговориле:

И што добиваме ние со тоа? Да се заебаваат со нас затоа што сме се нашле на вашиот Инстаграм? Во најмала рака, вашата понуда е смешна. Тоа може да го бара и да го добие некој како Мадона, Серена Вилијамс, Вил Смит. Вие можете да дојдете кај нас, да јадете и да платите а ние во договор со вас, износот на вашата сметка да го уплатиме во хуманитарни цели и тоа да го објавите на свое стори. Поинаку, ни кај баба нема џаба. 

повеќе за темата

31 август 2020 - 11:45