Уште од Аудиција, Бомбај штампа и Топ листа надреалиста е јасно дека Бранко Ѓуриќ е раскошно талентиран дечко. Најубаво во сето тоа е што успеа да ја задржи онаа своја сараевска ведрина и хумор, без попат да почне да се сфаќа пресериозно, како што знаат годините така да намамат човек. Еве го со преработка на Just A Gigolo / I Ain't Got Nobody.