“Пазарив кило телешко - еднаш се живее!!!“ Оваа графитџиска парола и те како резонира со просечната плата и со цената на телешкото во република Нашата Земјистан. Не би да мрчам, овде сум ужитак да Ви врачам. Листам така супервелеслаломски по падините на оваа наша вкусна рубрика и гледам, машала, се накотиле рецепти. Има за сите вкусови, невкусови, под и над вкусови. Но она шо ми бркна у око е дека нема рецепАт со телешко ни за лек. Срамота Кириле, теле-новело една нерепризирана!
За да обелам образ, шпринт директаменте у локалната месара и во стилот на реноминариот српски егзистенцијалист Жељко Самарџиќ, му викам на касапинот: ”Кило телешко, само реци, не питам за цену, ништа није скупо, кад крај себе имаш праву тему“.
А денешната тема е телетина Орлофф. Кој е Орлофф? Некоја руска бараба, уствари цар, ама у руската историја секој втор е цар, така да, бараба. Среќа имал француски кувар, иначе ќе конзумирал компир-манџа. Овој негов кувар завршил одлична работа со овој рецепт.
А сè започна вака:
Исецкал 600 грама телешко на тенки парчиња. Потоа и компир на кругови, а богами и кромид на прстени. Во тава за печење го распространил компирот низ целата површина. Го запросил со кромидовите прстени. Посолил, забиберил, онака, баш царски.
И тука му светнала тоа француската резерва: у три потега искомпонирал одличен сос мешајќи мајонез, сенф, капери, оригано и буковец. Од каде оригано у сред Русија? Поарно не прашувај...
Со пола од сосот ја излакирал површината од зеленчуците.
Потоа го послал месото, повторно посолувајќи и забиберувајќи баш царски. Крунисал со буковки. Можел ли да круниса со шампињони? Можел, ама немало да биде баш царски. Врз печурките го намачкал остатокот од сосот и правец во солариум у рерна на 200 степени.
50 минути. По 50 минути во садот додал 200 грама од омилениот рендан кашкавал. Рикверц уште 10 минути на растопение грешним.
Еј возрасни, лив ас кидс алоун! Како сакаш врти го, ова е перверзија. Онаква, баш царска.
Пробајте, фала ич и не мора да ми кажете.
Кирил Стоименов - телевизор