Во контекст на европската гастрономија, њоките се еден од ретките преживеани архетипи на селска трпеза кои елегантно се интегрираа во јазикот на модерната кујна. Малце се паста, малце и не се. Њоките се тактилен компромис: меки и невообичаено тивки, како хранлив пит-стоп во бучната трка на денот. Денес ги гушкаме со зелен сос. Но овој сос не е само маркетиншки зелен. Тој носи со себе сложена симболика: гравот како бела петочна тишина од руралните падини, спанаќот како долгогодишен симбол на попајморнарството, лимонот - мамурлиите знаат зошто. Ова не е оброк што се објаснува со калориски вредности или со време на подготовка. Ова е чистокрвно мерачење. По звучност. И вкусност.
Затоа:
- 500 гр њоки
За зелениот сос:
* 3-4 чешниња лук * 1 конзерва (околу 400 гр) бел грав од конзерва * 200-250 гр свеж спанаќ (или замрзнат) * Сок од ½ лимон * 2-3 лажици маслиново масло * Сол и свежо мелен црн пипер по вкус
За кремастиот додаток и финиш:
* 1-2 лажици путер (за пржење на лукот) * 2-3 лажици кисела павлака (или крем фреш/маскарпоне) * Свежи чили кругчиња за декорација (по желба)
Начин на подготовка:
* Подготовка на лукот и чилито: На даска за сечење, ситно исечкајте ги чешнињата лук. Црвеното чили пиперче исечете го на тенки кругови, отстранувајќи ги семките доколку не сакате премногу луто. Неколку кругови оставете ги на страна за декорација на крај.
* Загревање на тавата: Во голема тава, стопете го путерот на средна температура. Додадете ги исечканиот лук и поголемиот дел од чилито. Пржете ги околу 1-2 минути, додека лукот не замириса и не добие златно-жолта боја. Внимавајте да не изгори.
* Варење на њоките: Додека лукот се пржи, во поголемо тенџере ставете вода да зоврие. Додадете сол. Кога водата ќе зоврие, ставете ги њоките. Гответе ги според упатството на пакувањето, најчесто 2-3 минути откако ќе испливаат на површина.
* Подготовка на зелениот сос: Во блендер или процесор за храна, ставете го исцедениот бел грав, свежиот спанаќ, сокот од лимон, маслиновото масло, сол и бибер. Додадете 1-2 лажици од водата во која се готват њоките (за да помогне при блендирањето и да го направи сосот покремаст). Блендирајте додека не добиете мазен, кремаст и светло зелен сос.
* Соединение вкусово: Откако њоките ќе испливаат на површина, со решеткаста лажица префрлете ги директно во тавата со пржениот лук и чили. Нема потреба да ги цедите многу, малку вода од готвењето е дури и пожелна.
* Усосување: Додадете го зелениот сос од блендерот во тавата со њоките. Нежно промешајте за да се обложат сите њоки со сосот. Гответе на тивок оган 1-2 минути, само колку да се соединат вкусовите и сосот малку да се згусне. Доколку сосот е премногу густ, додадете уште малку вода од готвењето на њоките.
* Кремаст финиш: Тргнете ја тавата од оган. Додадете ги двете лажици кисела павлака (или крем фреш/маскарпоне) врз њоките и сосот. Нежно промешајте.
* Сервирање: Сервирајте ги њоките топли, веднаш. Декорирајте со преостанатите свежи чили кругови за визуелен впечаток и дополнителна лутина. Овој рецепт нуди комплексен и презадоволувачки вкус, а зелената боја на сосот го прави вистински рај за очи.
Уживанција!
Кирил Стоименов - њоки мај лав, ѕвезда си што гори низ бескрајот