Разно

Поминете кај елките во Сити мол

Убава е таа идеја за новогодишна елка. Наша, ја китиме за нас и најблиските, под неа оставаме подароци за оние кои најмногу им се радуваат. Уште поубаво е кога ќе се сетиш дека постојат и други елки и подароци, на кои ќе им се радуваат некои кои поретко имаат прилики да го прават тоа. 

Скопската Јосипа Лисац

Гледам, од маглава, дури и врапчињата одат пешки. Нозе убиваат од одење. Почитувајќи го предимството на десна страна (или како беше тоа), на улица пропуштам едно стадо врапчиња кое некогаш било јато. Маршираат, пеејќи ја тажната корачница: „Хеј бато, хтела сам летјети, хеј бато, маглу ми пустили”.

Захарче, захарче, толкова си близо и същевременно толкова далеч

Како докажани љубители на милозвучноста и естетиката на бугарскиот јазик, ќе ви пренесеме препев на песната Yess Boss на данскиот музичар Микел Хес. Текстот е јако глуп, се сведува на една евтина алузија (дека тој ќе ѝ го даде микрофонот, хехе), ама за извесен Кънчо греота било тоа да не се долови на бугарски, па споделил во коментар на Јутјуб. И стварно, текстот останува јако глуп ама кога е на бугарски, некако не може да те испизди.

29 ноември, ами како!

Нека е честит денот кога македонскиот народ доби право на сувереност и рамноправност со другите народи од поранешна Југославија.

Париз меѓу вашите нозе

Доколку нечиј случај веќе не завршил како кула близначка во Њујорк, тогаш му останува надеж дека во својот интимен пејсаж ќе забележи дивоградба со калибар на Ајфеловата кула. Рекламче на ТВ Едо, последните цареви на македонскиот етер. 

Скопска и семакедонска промоција на книгата на Јана

Меѓу саемот во Франкфурт и оној во Белград, Јана и нејзиниот издавач го вметнаа Скопје, за уште едно запознавање со нејзиниот шармантен и свеж ракопис. Како која Јана? Наша Јана.

Добра и лоша вест во едно: Ним им е веќе јасно

Група клинци од некое македонско село се зезаат на тема ветувања деконструирајќи ја целата таа предизборна драма. И супер прецизно ги идентификуваат, небаре пола век ги слушале. Ете какви детски спомени ќе си носат со себе идните гласачи во Македонија.

Македонија да изгледа онаква како што изгледа нашето друштво

„Сите кои пишувавме во таа алхемичарската работница сакавме да оставиме пишан збор за тоа како изгледал нормалниот свет во наше време“, Отец Пимен на скопската промоција на книгата „Патувајќи“.

Скопски таксист на денот

Во кој и универзум да живеете, Славчо Мисевски живее во паралелен на него. Единствената точка во која можат да се сретнат тие два света е едно такси со кое тој шпарта по Скопјево. Но, под хауба Славчо крие една неуморна креативна машинерија. Копиљациве го имаат јутјуберот Џипи, ние сега го имаме Славчо. Кој е за ферка?

Шампионите на рокот

Во иднина кога ќе слушнете некоја друга верзија на песната Кочиз од Аудиослејв, ви гарантираме дека во неа ќе ви фали - тарабука. Наши дечки, браво дечки!

Да се знае кој е кој во Скопје

Апикација која се базира на краудсорсинг и дава мапа на градовите односно нивните делови според тоа каква категорија луѓе доминираат во нив. За Скопје да не се чудите што резултатите се малку поинакви од она што го знаете за маалата. Според ова испаѓа дека Дромци се костумосани а од  Карпош 1 и 2 нормални. Абе ајде!

Урбан Курбан

Главниот град на државата, потесното градско подрачје, 2017 година.

Битола, светски град

Така е, само што во моментов на лагер немаме потазе доказ па се враќаме во февруари 1991 (година на осамостојувањето), кога Доне Скендеров и Петар Пепи Георгиевски (тогаш Green Grass Dreams) седнуваат во студиото на Нечак и на касетофон, со ритам машина и гитара ги снимаат овие 4 песни. Пазете ја вие Македонија, како лепршаво почна а како уморна заврши.

Македонска љубов на Берлинскиот ѕид

Дајте да пробаме да дешифрираме еден многу чуден детал. Во документарец на Блумберг за Русија, има сцени од уривањето на Берлинскиот ѕид. А на ѕидот, меѓу другото, нај на нашки некој напишал: ДАНИ, ТЕ САКАМ! Кој/а е Дани, што љубов било тоа, како се случил овој графит?