Разно

Галопирање на болеста до кое не смееше да дојде

Повеќе нема сомневање, третиот - есенски пик не е само поголем, туку и пострм од вториот, јунски пик. Првиот пик повеќе не го споменуваме, тој беше само загревање за ова сега. Ако после Рамазан бајрам кумулативната инциденца растеше праволиниски, од 8 септември до денес грасте квадратично. Со ваков експлозивен раст на бројот на нови случаи наскоро веројатно ќе видиме и 4.000, па 5.000 активни случаи...

Старо Скопје, град на коноп, хашиш и кокаин

Хеј, скопска глумица уште во 1934 година била обвинета дека земала кокаин! А од репортажата од 1 јуни 1936 година ќе сфатите дека овде ситуацијата не е останата иста само во поглед на корупцијата, сиромаштијата и нефункционалните институции, туку дека ама баш сè е исто. Плус го имаме глупиот мост Влајко.

Уште пред 130 години на некои им беше јасно

Турците земаат имоти и животи на рајата, но не посегнуваат врз нејзиниот дух.Тие го уништуваат телото, но духот го почитуваат. А егзархијата во Македонија ја врши најмизерната задача.

Некој е глуп

Министерот за здравство не знае дека свадби не организираат музичари, не ја викнал својата колешка со италијанско скијачко искуство да ја посети инфективна и во очи да ги погледнат роднините на пациентите, туку нас нè вика?

Ја нисам одавле

Слушнете како овој наш Гручо Маркс (моментално на позиција министер за финансии) суверено, авторитетно и уверливо владеее со материјата која му е дадена на управување. И бидете сигурни дека знаат што прават.

Јована и Горан украдени од државата

Покажавме како изгледа даночното освестување во Америка а еве и нешто многу подиректно. Пар наши дечки направиле поштена вивисекција за тоа како овдешната државна машинерија без усул ни копа по џебовите. Од заработени 100 денари, откако таа ќе се подмири, вам ви остануваат само 57 денари. Како иначе ќе се курчат, вработуваат кого сакаат и делат ваши пари на нивни луѓе?

За македонските браќа и Бугарија

Ептен се нервираме што сме доведени во ситуација да се нервираме околу Бугарија зашто никогаш и за ништо не вреди да се нервираш за Бугарија (Грција, Србија...). Ама пошто домашните квислинзи ни зачукаа договори кои им даваат посакувани резултати само на другите страни (добро, нам сега НАТО ни ги храни децата а и инвеститори нагрнаа), еве нè пак во историска дежаву ситуација одново да се докажуваме кои сме, што сме. Да попиздиш.

Неспособноста не се крие со маска

Забраните МОРА да ви се базирани на факти и сериозни објаснувања и докази, а не да бидат реакција на немоќта на администрацијата и системот да биде држава.

Како е правено „Болеро“ под маски

Балетското дело „Болеро“ за прв пат кај нас е поставено пред 30 години од кореографот Олга Милосављева. Препородено како омаж кон неа и сите балетски уметници кои своевремено несебично давале сè од себе да ја издигнат балетската уметност во Македонија, Болеро годинава го креираат 12 балерини од МОБ со кореографија на Саша Ефтимова кои со маски и други ковид протоколи го вежбаат во најтоплите денови на годината, за премиерно да биде изведено на Охридско лето.

Короната дивее, ама, комисија ќе правеле

Најдобро од сé би било да имаат цврсти правила (алгоритам) за автоматско прогласување на 4-дневен локдаун кога 14-дневната кумулативна инциденца на 100.000 жители ќе премине определен праг, на пример 40 или 60 случаи на 100.000 жители за 14 дена. Населението ќе може да ги следи бројките на дневна база (на пример преку бројчаникот на Заев на Триумфалната капија) и точно ќе знае дали е преминат прагот и што следува за викенд.

Човекот на кој презимето му почнува на Ш....

„Тајниот“ спонзор кој даде средства за настапот на Дино Мерлин сме ние граѓаните. Или што би рекол Кочо Рацин: „Копај си црни гробови за туѓи бели дворови!“

Гоце, Бугарите и ние

Ние го славиме Илинден и ги славиме Илинденците заради идејата за која се бореле, автономна македонска држава, а не како биле запишани во книгата на родени. Што слави Бугарија?

Рада Мистерија

26 март 2019 година. Твитерџија објавува песна, твитот добива еден лајк и тој лајк стои како еден и единствен веќе година ипол. Треба да знаете која е песната и треба да знаете од кого е лајкот.

Доцневте во Јајце, доцневте и во Штип

Сè што треба да знаете за светот беше кажано во Штип! Беше кажано, ама, не доаѓате! „Изгледа на Фејсбук подобро ни оди отколку вака“, резигнирано ќе каже организаторот на јавната трибина гледајќи колку (николку) луѓе имаат дојдено на овој храбар почеток на ширењето на вистината. Сослушавме, фаќавме стенограми и на крај можеме само да им порачаме на Сатанистите - стварно сте бре говна, како можете така?!?

Македонка во National Geographic, 1917 година

Интересна статија со наслов „На патот за Битола" објавена во National Geographic Magazine, мај 1917 година, од авторот Херберт Кори. Во текстот е цитирана постара жена во село Добровени, битолско, која пркосно му одговара на репортерот:

Црногорски поздрав до македонскиот народ

Излагање на доктор Бранислав Радуловиќ во црногорскиот парламент, по повод нашето пристапување во НАТО. Радуловиќ има завршено технолошки факултет во Скопје, магистрирано во Љубљана и докторирано во Белград. Долги години живеел и работел во Скопје. Во периодот додека бил директор на МЗТ-Скопје, фабриката е прогласена за најдобра стопанска организација во СФРЈ и била добитник на престижната награда АВНОЈ.  

Потпишуваме, сосе пцовките

Или работете за сите еднакво или ебете се сите кои ја претставувате нашата држава. Поради поединци доаѓате под критики вулгарни затоа што сте партиски пиони и кодоши за ебена плата од 300€. Инспектори за бифтек продадени! Јас како млад работодавец го имам правото да јадам лајна! За неправдини! Или ќе не биде или не!

Зајди Преспо

Поради затворените граници, објективно не знаеме каква е атмосферата во Грција и што се случува таму. Без секирација, сè е исто. Си тераат антички, си пеат антички песни и врска немаат со нас.  

Мај дик, мај гарден

Странец пробува да продре во мудроста на македонскиот народ преточена во изреки и поговорки. Буквално преведени на англиски јазик. Неколку едвај издржа, на “да те серат кокошките“ дигна раце.

Проширување на списокот на Апасиев

Посветено на сите самохрани мајки во Република Македонија и на сите самохрани родители воопшто. Само тие можат да разберат што значи ова што го напишав.

Поп Тома Николов: Македонија на Македонците, а не Голема Бугарија

Со наслов „Целите на Македонците“, специјалниот дописник на лондонскиот Дејли њус со сознанија од лице место се обидува да ја исправи погрешната слика и недоразбирањата кои Европа ги има во поглед на тоа кој и за што се бори овде, во Македонија.

За хистеријата на либералната квази-елита

Узбуна, дефкон левел 1, чиниш двајцата пратеници на Левица со калашникови веќе влегоа во парламент да стрелаат. Истото ова забринуто граџанство го немаше никаде кога нивниот лидер од позиција на најголема моќ во државата порача дека „ќе јаде живи луѓе“ и дека „ќе ебе и шуто и ругато“ и во чие присуство ноншалантно се зборува за „шиптари„ чии „гласови не вредат ни пет пари“.

Екшн Бронсон во Македонија и Косово

Екшн Бронсон ( ве запознававме со него пред шест години во „Го знаете ли Аслани, дебелиот?), заедно со Мејхем и Алхемист одат кај луѓе од фамилијата на Аслани во Косово и Македонија и пробуваат еден тон боговски јадења. Македонија (Чаршија, Турист...) е некаде на седма минута но терајте и понатаму, да го видите чичко му кој тврди дека на Наполеон му нашле компјутерски чип во главата кој му го ставиле вонземјани.