Гази Баба се шири за тешка индустрија

За време на пандемија, oпштина Гази Баба организира јавна презентација не за еден, туку за три ДУП-а, со кои се планира нова тешка загадувачка индустрија на површина од над 550,000 м2.

Се работи за ДУПови за градската четврт С 17 каде веќе се наоѓа комплексот Железара, за кои тече рокот за јавна анкета започнат на 19.03 кој ќе трае до 29.04.2021.

Со предложените ДУПови за блок 2,3 и 4 од С 17 се предлагаат:

  • 5 градежни парцели за НОВА Г1-тешка загадувачка индустрија со вкупна површина од 556,301 м2, многу поголема од 5 парцели со површина од 176,217 м2 со веќе постоечка Г1-тешка загадувачка индустрија (тешка индустрија во која спаѓаат сите видови индустриски погони кои имаат големи енергетски барања, голем промет на суровини и материјали, создаваат голем обем на сообраќај и создаваат отпад и штетни еманации)
  • 18 градежни парцели за НОВА Г2-лесна индустрија со вкупна површина од 334,592 м2
  • Една градежна парцела за нов Г3-сервис од 49,887 м2, многу поголема од 2 парцели од 3,017 м2 со веќе постоечки Г3 сервиси (сервиси за одржување и поправка на опрема и индустриски производи како што се сервиси за автомобили и други возила, машини, алати и инструменти, хемиско чистење и слично)
  • 9 градежни парцели за НОВИ Г4-стоваришта со вкупно 81,627 м2, многу поголема од 5 парцели од 9,757 м2 со веќе постоечки Г4-стоваришта (сите видови стоваришта за складирање на стока на отворен или затворен простор, во специјални услови за чување, отпади, автопазари и слично).
  • 2 градежни парцели за нова Е2-комунална супраструктура во површина од 130,270 м2 - нови пумпни станици, гасна станица, мерно-регулациона станица за природен гас, резервоари, градби за производство на енергија, полигон за обука на возачи, противпожарен дом - многу поголема од 2 парцели од 17,892 м2 со веќе постоечки мерно регулациони станици за природен гас и резервоар за вода.
  • 3 градежни парцели за нова Е3-некомпатибилна инфраструктура во површина од 56,608 м2 - нова трафостаница 110 кВ, градба за производство на енергија – топлана, резервоари за дериват со капацитет над 200 т - многу поголема од една парцела од 6,426 м2 со веќе постоечка главна мерно-регулациона станица

Максимално дозволен број на корисници во четврта С 17, според ГУП на град Скопје е 750: за блок еден  - 150, за блок два 120, за блок три 230 и за блок четири 250.

Макстил во рамките на оваа четврт има 966 вработени (2020г). Либерти Скопје, бивши АрцелорМиттал, има над 480 вработени. Само овие две компании имаат скоро дупло повеќе корисници од максимално дозволениот број според ГУП за оваа градска четврт.

Според ова НЕ СМЕЕ да се дозволи отворање на нови индустриски капацитети, ни од тешка, ни од лесна индустрија, ниту пак складишта и др.Парцелите треба да се зазеленат и индустријата да престане да се шири во тој дел од градот.

02 Иницијатива

Јавната презентација била прекината (видео: Радио МОФ):

Од Иницијативата велат:

„Ароганцијата на раководителката на секторот за урбанизам, Благица Блажевска, е недозволива за вработен во администрација која е тука за сервис на граѓаните. Вака не смее да се работи. Истово се случуваше и во општина Карпош додека истава личност беше раководител на секторот за урбанизам“.

7 април 2021 - 10:10