Разно

Најдебелиот скокач од платформа кој прави чуда во базен

Зики Санчез од Аризона има само 14 години а веќе е мега популарен во Соединетите Американски Држави. Неговите видеа на кои покажува неверојатни акробатски вештини при скок во вода од платформа веќе имаат преку стотини милиони прегледи.

Борбата на Нуров за златен медал и интонирањето на македонската химна

Македонскиот борач Магомедгаджи Нуров оствари нов врвен успех за Македонија, откако на Медитеранските игри во Алжир стигна до златото во категоријата до 97 килограми слободен стил.

Да е на хокеј па да разбереш, ама голема општа тепачка на бејзбол?

Масовните тепачки во американскиот спорт се честа појава. Особено во хокејот и во американскиот фудбал. Ама сега на бејзбол мечот меѓу Сиетл Маринерс и Лос Анџелес Енџелс се степаа повеќе од триесетина играчи, тренери редари. Прекинот траел цели 18 минути а епилогот бил исклучени шест играчи и тренерите на двата тима Фил Невин и Скот Сервејс.

Водителка во Италија го најави новиот клуб на Роналдо

Веќе неколку дена се зборува за евентуален трансфер на Кристијано Роналдо во Рома кај Жозе Мурињо. Немаше ништо конкретно сè додека на државната телевизија РАИ, водителка со цврста самоувереност не кажа: „10-та Тоти ќе му ја даде на Пелегрини, а Пелегрини 7-та на Кристијано на „Олимпико“. Управата на Рома од САД сака холивудски трансфер преоден рок со овој трансфер.

Импресивен поен на Алкараз за кој заработи овации на Вимблдон

Младата тениска надеж кој на 19 години ги победи Надал, Ѓоковиќ и Зверев и го освои Мадрид, почна да ја освојува публиката и на најпрестижниот тениски турнир во светот. Алкараз се изнамачи во првото коло против Јан-Ленард Струф, кој го доби со пресврт од 1:2, на 3:2, а во еден момент ја крена на нозе лондонската публика.

Го видел ли некој најстариот и најдобар пинг-понгар на светот?

Некои тврдат дека има 86 години, а некои пренесуваат мит дека никој не го победил со години. Пробано е секако, со сите тактики и стратегии.

Десетте пливачки подвизи на супер херојот Марко кој комплетираше три во рок од две недели

Се сеќавате ли на детето кое на 12 години, по пауза од 50 години стана прв охриѓанец кој успеал да го преплива Охридското езеро? Епа летово ќе плива 250 км и добро му оди.

Син му на Ѓоковиќ ги изнасмеа сите со кратка изјава

Новак Ѓоковиќ е во Лондон каде се спрема за почетокот на големиот Вимблдон. Тенискиот ас изнајмил куќа во која престојува со семејството и тренерите. Прв ривал ќе му биде Кореецот Сон Ву Квон. Додека местеа една трамболина со тренерот Горан Иванишевиќ и кондицискиот тренер Марко Паники, малиот Стефан Ѓоковиќ им дофрли нешто.

Се огласи пливачката која падна во несвест: „Луѓето не можат да замислат колку често губиме сознание“

Целиот спортски свет и пошироко беше шокиран, откако на Светското првенство во водни спортови во Будимпешта 25-годишната латино-американка Анита Алварез остана без свест среде настап во базен, а нејзиниот тренер Андреа Фуентес без размислување скокна во базен и ја извлече навреме синхронистката.

И хрватскиот селектор има свој репертоар среде пренос во живо

По стапките на селекторот на ватерполо репрезентацијата на Србија Дејан Савиќ кој за да ги разбуди своите подзаспани играчи викаше и користеше по некоја сочна пцовка, тргна и хрватскиот предводник Ивица Туцак. Среде пренос.

Јуначки потег на годината: Женски тренер скокна по пливачка која изгуби свест

На Светското првенство по водни спортови во Будимпешта се случил прав трилер: американска пливачка по синхронизирано пливање изгубила сознание додека била во вода. Додека спасителите сфатиле што се случува, прва на помош доскокнала селекторката која влегла во базен и ја спасила младата пливачка.

Српскиот селектор грмеше на тајм-аут, камерите сè уловија

Шесткратниот светски шампион во ватерполо, репрезентацијата на Србија со триумф над САД (17:13) го отвори новиот Мундијал во Унгарија каде играат најсилните селекции на светот. За време на еден тајм-аут српскиот селектор Дејан Савиќ урлаше на своите играчи што биле многу лежерни.

Луис Хамилтон го фрли својот тренер во студена река

Луис Хамилтон, повеќекратниот Ф1 шампион и великан во мотоспортот, едвај излезе од болидот на 12 јуни во Баку поради незгода. Се држеше за грб, викаше по радио-станицата и се молеше трката што поскоро да заврши, а на крајот отишол кај физиотерапевт и акупунктурист за опоравок.

Викаат дека ова бил најлош сервис што некогаш го виделе

Традиционално, голем број тенисери се подготвуваат за Вимблдон на помали турнири исто организирани на островот. Во Истбурн во понеделникот почна првото коло а внимание привлече мечот меѓу Бублик и Тиафо кој го доби Казахстанецот со 2:1 (вториот сет убедливо со 6:0). Тиафо во еден момент го имаше најсмешниот сервис на сезоната.

Едукација и забава за 200 јуниори на Sport Life

Децата и родителите имаа можност да се забавуваат со многу артисти, жонглери и пантомимичари, а најмалите дечиња од 2-3 годишна возраст, се возеа со вовче низ зоолошката градина.

Како се движи Надал после Роланд Гарос?

За да стигне до титулата број 14 во Париз и вкупно 22 Грен слемови во кариерата, шпанскиот тениски ас направи голема жртва и примаше инјекции за да умртви нерв во стапалото и да игра без болки. Вимблдон стартува на 27 јуни, а тој едвај оди.

Навивачите на Надал и Реал сакаат да си играат со бројки

Во рок од неколку дена, Рафа на Роланд Гарос ја освои титулата број 14, а кралевите стигнаа до 14-та титула во ЛШ. Уредник во весникот АС, кој го води секторот за Реал Мадрид, со проста математика ја пецна Барса за еден многу тежок пораз во ЛШ.

Кандидатот за фер плеј на годината е учесник на „Охрид трчаТ“

Македонските прваци Адријана Поп Арсова во женска и Дарио Ивановски во машка конкуренција се победници на полумаратонот од 21 километар на шестото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“. Него во сандаче ни стигна клип, како еден натпреварувач уште на стартот ногу брзат, ама и буткат деца за да стигнит прв.

Преименувајте го Ролан Гарос во Рафа Надал, време е веќе

Она што го (на)прави „бикот од Мајорка“ на париската црвена земја е за на филм. Таква доминација на еден терен скоро и да немала ниту една друга атлета во друг спорт.

Голем и убедлив триумф на Рафа Надал за 14-та титула на Ролан Гарос

Шпанскиот ас од 2005-та година со кратки прекини е асполутен владетел во Париз. Денес ја освои рекордната 14. титула на Ролан Гарос на севкупно 18 настапи со што влегува во вечноста. Во големото финале Рафа го декласираше младиот Норвежанец Каспер Руд со 3:0 во сетови (6:3, 6:3, 6:0).

Најдобрите потези на Рафа Надал на мечот со Ѓоковиќ

Огромен дел од 15.000 навивачи на арената „Филип Шатрие“ во Париз беа на страна на шпанскиот ас кој игра маестрално на неговата омилена подлога на Ролан Гарос. Во тоа се увери и Новак Ѓоковиќ кој немаше шанса со разулавениот бик од Мајорка.

Сударот на гигантите му припадна на Рафа: Надал го разби Ѓоковиќ за полуфинале на Ролан Гарос

Најдобриот шпански тенисер и еден од најголемите во историјата, Рафаел Надал на неверојатен и убедлив начин со 3:1 во сетови го совлада бројот 1 на светската ранг листа, Новак Ѓоковиќ и закажа полуфинале со Зверев кој претходно го елиминираше младиот Алкараз.