Разно

И на сред снукер направија голема беља

На Светското првенство во снукер, во култната сала во Шефилд за време на дуелите меѓу Марк Ален и Фан Женги и Роберт Милкинс и Џо Пери, упаднале демонстранти за заштита на животната средина од гасови. Едниот се качил на масата за снукер и истурил портокалова прашкаста боја.

Можел и поинакво видео да објави после поразот од Ѓоковиќ

Анонимниот Русин Иван Гаков, 186-ми на АТП, на мастерсот во Монте Карло загуби 2:0 од Новак Ѓоковиќ. Поразот „го славеше“ како старлета во када.

Фудбалските вештини на Ноле со тениско топче

Најдобриот тенисер во светот се враќа на терените со настапот на мастерсот во Монте Карло, каде во прво коло ќе игра против анонимниот Русин Иван Гахов. Со него шоуто обично стартува уште пред да почне мечот.

Одбојкари на Шкендија и навивачи се гаѓаа со столчиња и шишиња

Уште на одбојка немавме видено дивеење и ете ти. Сцените се од Велес од мечот Борец - Шкендија кој заврши 3:2. Во клинч се домашната публика против гостинските одбојкари. Се гаѓаат со што ќе стигнат. Луда работа.

За апсурдноста на Американците кон Ѓоковиќ

Океј, ќе игра најверојатно на УС опен кој стартува на 28 август, ама сезонава пропушти два важни турнири, Индијан Велс и Мајами или вкупно седум поради тоа што не е вакциниран. Да не заразел некој. Сам на терен. И тие самите се исмејуваат по емисии поради овие небулози.

Борко за Перо: Пие и користи бели прашкасти материи, не сакам да биде идол на моето дете

Борко Ристовски во гостување на видео подкаст, повторно распали против првиот човек на КФМ, но овој пат многу подиректно. Потоа пак го критикуваше и Кире Лазаров како селектор. Посочи тројца стандардни играчи зошто не се дел од репрезентацијата.

Симпатична средба на Новак Ѓоковиќ со негова навивачка

Извесна Ракел од САД знае дека живеалиштето на Новак е во Монте Карло каде се спрема за следниот турнир кој се игра од 8-ми до 16-ти април. Таа била голема обожавателка на Ѓоковиќ па решила да дојде во градот каде Новак живее. И после неколку неуспешни обиди да го запознае, во еден момент додека ја чекала пријателката која пазарела во маркет, на улица пред неа се појавува Новак.

Чешки атлетичар распнат зошто изнел став за руски и белоруски спортисти

Давид Свобода е чешки атлетичар кој во 2012-та година на Олимписки Игри освоил златен медал во петобој. Сега во Чешка Република го ставиле на столб на срамот затоа што кажал свое мислење за колегите од Русија и Белорусија.

Добро де дечки, само за жена ја побарав

Лос Анџелес Доџерс, еден од најтофените клубови во најдобрата бејзбол лига, МЛБ во САД пред своите гледачи ја совлада Аризона Дајмондбекс со 8-2. Во еден момент од мечот, на паузата, навивач на ЛА Доџерс се шмугнал на терен и со прстен во рака клекнува да ја побара својата девојка за жена. Ама не побарал дозвола од клубот па го удри торнадо.

Од играње на замрзнато вештачко езеро Скопје стигнал до домаќин на Светско во хокеј

Скопје стана најјужниот домаќин на едно СП во хокеј на мраз. Сето тоа беше мало чудо, оти за 10 години се стигна од играње на замрзнато вештачко езеро и по езерца во паркот во Скопје, до организација на СП. Го следеле 70 новинари.

Страшен пад на скокалницата Планица

Осумнаесет годишниот словенечки репрезентативец во скијачки скокови, Тај Екарт тешко паднал при тестирање на легендарната словенечка скокалница пред самата завршница на Светскиот Куп кој се одржува викендов.

Украинска тенисерка се чуствувала дискриминирано зошто руските тенисери не биле исфрлени

И покрај тоа што атлетите од другите спортови веќе ретко се огласуваат на темата, во тенисот, кој е познат како „бел спорт“ односно синоним на чистина, хистеричниот однос на одредени тенисери и тенисерки и натаму трае.

САД ја укинува декларацијата, Ѓоковиќ најверојатно ќе игра на УС Опен

Убави вести стигнуваат за Новак и за другите спортисти кои немаат вакцинален сертификат односно не се вакцинирани поради што долго време не можеа да стапнат на тло во САД, а сега ќе бидат слободни како претходно.

Ѓоковиќ скришно му даде 100 евра на дете, ама со причина

Новак Ѓоковиќ како и често пати, беше да ја бодри Црвена Ѕвезда во живо на мечот против Валенсија од Евролигата кој белграѓани го добија 92:73. Камера го улови како му дава пари на едно од децата кои се сликаа со него.

Шарко и хокеарите

Да пукне им прави бе и тоа и на влез и на излез од терен.

Втората тенисерка на свет Сабаленка на удар од украински колеги и колешки

Една од најдобрите тенисерки на денешницата, 24-годишната Арина Сабаленка која неодамна стана шампионка на Отвореното првенство на Австралија, вели дека ни крива ни должна наишла на голема омраза кај колешките од Украина.

Најјакиот поен на Алкараз кој го симна од тронот Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го збриша Данил Медведев во финалето на Мастерсот во Индијан Велс за само 72 минути игра со резултат 6-3, 6-2 и сега е прв на АТП. Ако треба да се издвои атракцијата број 1 од неговите убедливи перформанси, тогаш тоа дефинитивно е поенот од полуфиналето против Јаник Синер.

Најлудиот нуркачки подвиг со кој не може ниту поларна мечка

А сега земете длабоко воздух пред да го прочитате рекордот на еден нуркач, кој и со влез во Гинис, 1% не ни менува ни помага да разбереме како успеал да преживее.

Совети како да се преживее удар од Тајсон

Мајк Тајсон не случајно го имаше прекарот „Железниот“, затоа што неговиот удар бил силен како удар со туч. Противниците издржуваа јадните по некоја рунда со него, додека не влезеше како мелница да ги меле во некое ќоше од рингот. Сега во САД снимиле видео со совети како да преживееш удар од Тајсон. Хм?

Ако видиш гужва сине, тргни се настрана

Џејк Пол е 26-годишен Американец кој станал познат по емисии на Јутјуб и другите социјални мрежи. Во еден момент почнува да снима и рап-музика, а во 2018-та решава да се проба во боксот. Во декември 2019-та го имаше професионалното боксерско деби. Остварил неколку победи во рингот и станал уште попознат.

Трампа стап за хокеј за банана

Дваесет и седум годишниот руски хокеар Андреј Кузменко од октомври лани игра во силната НХЛ лига откако потпиша договор со Ванкувер Канукс. Со добрите партии заслужил нов 2-годишен договор вреден 11 милиони евра или по 5,5 милиони годишно. За време на еден меч во НХЛ деца од публиката му стојат со пароли: „Куз, трампа банана за хокеарскиот стап“ и тој прифаќа.

Во Спорт Лајф стартува „До 50 шанси за 100.000 денари“

Започна акцијата „До 50 шанси за 100.000 денари“ на Sport Life, која ќе се одвива низ 4 неделни етапи, од 27.02. до 26.03. 2023 година.