Денес на програмата квалификациски дуел играат нашите ракометарки против Исланд. Се играат и последните натпревари од ракометната ЛШ за оваа година, фудбал од најголемите европски лиги, како и средби од АБА лига.
Радиофоничниот глас на Калински ќе оди во етер уште две и пол години. Би сакал да коментира со уште тројца вардарови легенди, по дома гледа снукер, а зад себе има и одбојкарска кариера која била пресудна за првиот пренос во кариерата.
Прв пат во последните неколку сезони, во Серија А ќе има 4 дена фудбал, почнувајќи од дербито вечерва на Артемио Франки. Вечерва се игра и евролигашка кошарка.
Од спорт на тв за денеска имате натпревари од Евролигата меѓу кои настап на Војдан Стојановски, потоа два меча од фудбалскиот куп на Шпанија и меч од француското првенство.
Во последниот ден од деветтото коло во Бизнис лигата Sparkasse со пресврт во второто полувреме го порази Eurolink, а АрцелорМитал и СЦ Борис Трајковски одиграа без победник.
Спортската понуда се состои од три меча во Премиер лигата меѓу кои лондонско дерби, два меча во шпанскиот куп и по еден натпревар во француското првенство и кошаркарската Евролига.
Деветтото коло во Бизнис лигата со убедлив триумф го отвори екипата на Систина која славеше над Контрола на летање со 10 голови разлика, а Глобко Логистик издвои тесна победа над Алкалоид.
Најдобриот светски тенисер објави утринава дека неговиот австралиски спонзор снимил документарна мини серија во која ќе се зборува за неговиот животен пат, како и за почетокот на професионалната кариера. Меѓу другото, Новак во серијата ќе зборува и како тренирал во време на војна.
Спортската сабота почнува со Премиер лига, а завршува со шпански фудбал. Во меѓувреме имате за гледање италијанско и германско првенство, домашна и регионална кошарка, како и ракометна Лига на шампиони.
Во последниот ден од 8 коло во Бизнис лигата Eurolink беше немилосрден со 17 голови во мрежата на Контрола на летање, а висок триумф славеше и Montenegro против Борис Трајковски.
30 рагби аматери од Франција како едвај да чекаа да го слушнат свирчето на судијата за старт, за да се измлатат. Четворица веднаш беа набркани, а уште двајца поради груба игра за време на мечот.
Во книгата посветена за неговиот син, таткото на Роже Федерер открива детали од младоста на немирниот тенисер кој пцуел и колнел за време на тренинзите.
Кајла е посветена и храбра млада спортистка која после секоја трка не може да застане на нозе. Оние кои ја знаат причината за нејзините падови и аплаудираат стоечки.