Кошарка

Леброн глуми шериф, дури и реши кои гледачи да бидат избркани од сала

Капитенот на Лејкерс и најдоминантна фигура во НБА лигата во последните 15 години, има толку големо влијание што буквално прави што сака по паркетите. Откако по тепачката што лично тој ја предизвика кога силно го удри Ајзеа Стјуарт и му го раскрвари лицето, НБА лигата го казни Леброн со само 1 меч а Томас со 2 дуели суспензија. Сега Брон глумеше шериф во Индијана.

Многу јако издание на новата епизода Shaqtin' A Fool!

Шек и неделава имаше еден куп смешни моменти по НБА паркетите и успеа да ги извади најдобрите и да ги стави во својата емисија „Шектин а Фул“. Број еден смешен момент имаше овосезонскиот лидер на ЛА Лејкерс, Расел Вестбрук.

Во НБА се појави играч кој забива неверојатно и сите му се чудат

Дечкото има 20 години (роден 2001). Се вика Грег Браун III, а веќе втор пат во два неполни месеци забива со баскетот од под нозе.

Јак маалски потег на Лука Дончиќ

Фантастичниот словенечки репрезентативец реши и под повреда и силни болки да игра против ЛА Клиперс. Неколку дена паузираше поради повредата, но изјави дека многу е нервозен кога седи на клупа а не може да помогне. Неговиот Далас Маверикс го урна фаворитот ЛА Клиперс 112:104 после продолженија. Лука уфрли 26 поени со по 9 скока и асистенции. Во трет период постигна дури 16 поени.

Каде почна да го чува фломастерот асистентот на Жељко Обрадовиќ?

Пред дваесетина дена се појави видео од мечот Партизан - Хувентуд во Еврокупот кое стана хит. Жељко вика тајм аут и на асистентот му бара табла за цртање тактика и фломастер. Таблата ја добива веднаш, ама фломастерот заглавува откако асистентов го фаќа паника.

Леброн Џејмс спаси жива глава, Стјуарт сакаше да го линчува

Старите ривали Детроит и ЛА Лејкерс некогаш водеа битки во легендарната „Palace of Auburn Hills“, а синоќа во „Little Caesars Arena“ играчи од двата тима направија голема тепачка.

Како изгледа блокада од највисокиот играч во НБА Тако Фол

Голден Стејт Вориорс продолжува да меле и благодарение на чудесниот Стеф Кари има учинок 13-2 од старт на новата сезона. Ако лани беа убедливо најслаби во лигата по многу параметри, сега „воините“ неочекувано растураат. Го совладаа синоќа Кливленд 104-89 а мечот донесе и една јака банана на 25-годишниот Сенегалец Тако Фол кој од 27 септември игра за Кавалирс.

Јокиќ како обезбедување, го смируваше тренерот да не се степа

Никола Јокиќ одигра уште еден маестрален меч, постигна 30 поени (7/13 за два, 3/4 за три и 7/9 слободни фрлања) со 7 асистенции и 1 блокада. Но неговиот Денвер Нагетс на крајот изгуби убедливо со 103:89 од Филаделфија. Мечот го одбележи инцидентот кој го направи тренерот на Нагетс Мајк Мелоун кој после шест минути игра во трета четвртина беше исклучен поради приговор.

Тројка во НБА каква што не се гаѓа ни на тренинг

Мајами Хит очекувано лесно го совлада ослабениот Њу Орлеанс Пеликанс со 113:98. Ова е петти триумф на 10 меча за Мајами сезонава. Џими Батлер одново беше најдобар поединец со трипл-дабл од 31 кош, 10 скока и 10 асистенции. Имаше голема поддршка од Тајлер Хиро кој уфрли 19 поени од кои три тројки а една од тие не беше планирана за тројка.

Еден од најлудите кошеви во историјата на НБА лигата

Се случи на денешен пред пред 26 години. Цел тим на Ванкувер тргна во контра, ама Ерик Мердок беше несмасен со топката. Потоа изведе будалаштина, нешто слично како оние на Лука Дончиќ кога се загрева.

Врвен НБА Топ10 на вечерта, летаа забивања и банани

На 11 НБА средби изминатата ноќ, домаќините беа делумно поуспешни и остварија 6 победи: славеа Далас, Портланд, Мемфис, Њујорк, Атланта и Вашингтон. Вечерта донесе баш јаки потези во многу арени, од куцања до неверојатни блокади. Топ10 на вечерта составена од Брансон, Крис Пол, Хортон-Такер, Зак Лавин, МекГи.

Крис Пол со мангупски потег го прати чуварот во соблекувална

Хајлајт на вечерва во НБА лигата е дуелот на 36 годишниот Крис Пол против 16 години помладиот Ентони Едвардс на мечот Феникс - Минесота. Морам да те исчеличам дете, НБА е ова. На забавената снимка ќе сфатите што му направи.

Ноќ на безобразни забивања во НБА

Она што изминатата вечер се случуваше во НБА, ретко се гледа дури и во најдобрата лига на светот. Здивеа многу играчи кои куцаа како да е Суден ден.

Нова бравура на Дончиќ, ама овој пат под кош

Направи ми блок и потоа влези под кош да видиш како школски ќе си ги изработиме, му рече Лука на Двајт Пауел и му подари топка за цепелин. Само два скока му фалеа на Словенецот за трипл дабл против Чикаго. 20 поени, 10 асистенции и 8 скокови беше неговиот учинок.

Епскиот успех од Литванија 2011 се преточи во документарец

Во септември годинава се одбележаа 10 години од најголемиот кошаркарски успех на македонската репрезентација. Јубилеј кој вреди да се одбележи на посебен начин и да биде потсетник на делириумот во кој не фрлија Перо, Бо Мекејлеб, Тоше, Владо, браќата и цела таа славна банда на Марин. Спремајте се за премиера викендов, следува детоксикација од политика и корона, рече тогашниот прв човек на КФМ на промоцијата, Даниел Димевски.

Жељко пак си ги повреди гласните жици

И после Вујо викал. Каков Вујо, со Обрадовиќ не може никој. Откако го одра грлото по Алекса, потоа се утиша, изгледа се измори од викање, бидејќи ова е последен тајм аут против Андора во Еврокупот од која Партизан загуби со еден поен разлика. Ова викање би требало да влезе во топ 5 во кариерата.

Шек и Баркли едногласни: Ако некој те удри, одиш и му враќаш

Инцидентот меѓу Јокиќ и Морис доби медиумско продолжение, а свое мислење дадоа и двајцата легенди кои во една прилика не поминаа само со буткање кога се рчнаа меѓу себе. Да ги чуеме нашите јунаци од детството, кои биле на вечера после таа тепачка.

Документарецот за МЗТ Скопје, симболот на Аеродром

„Од Аеродром за Аеродром“ гласи новиот документарец од навивачката група Фемили Аеродром. Во него се зборува за целата историја на клубот, од самите почетоци, тешките години и борбата за опстанок и спас на клубот, преку „маршот за спас“ па до повторното враќање на патеките на успехот и освоените трофеи. Зборуваат основачите, тренерите, играчите, навивачите...

Позната казната за Јокиќ, браќата на Никола и братот на Морис се закачнаа на Твитер

Актуелниот МВП во НБА, ѕвездата на Денвер Нагетс Никола Јокиќ експресно доби суспензија од раководството на НБА лигата поради судирот со Маркиф Морис но факт е дека многу добро помина и треба да биде презадоволен.

Снимка од друг агол, каде Јокиќ јаде удар во колено

Никола Јокиќ призна дека имал глупава реакција после фаулот на Маркиф Морис, ама па друга снимка се гледа дека ни тој не бил нежен. Србинот добро што не се повреди, бидејќи кошаркарот на Мајами освен со рака, го удира намерно и во колено по што Јокиќ збесна.

Како Турчинот Шенгун изведува слободни фрлања во НБА?

Алперен Шенгун е интересен лик. Има само 19 години (роден е во 2002-ра во Ѓиресун, Турција) а веќе игра стандардно како центар-тешкаш за Хјустон Рокетс. На НБА драфтот летово 2021 беше избран како 16. пик од Оклахома Сити Тандер кои го трејдаа во Хјустон Рокетс. Игра редовно и добро сезонава. А тек како изведува слободни.

Јокиќ ги загуби нервите, со еден удар го патосираше Морис

Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Мајами Хит со 17 поени разлика. Никола Јокиќ оствари трипл дабл, но сето тоа отиде во сенка на глупоста која ја направи МВП-то на минатата сезона.

Супер Топ10 на вечерта во НБА

Во најдобрата светска кошаркарска лига секоја ноќ има атрактивни потези. Неделната програма беше мошне содржајна, со осум меча од кои беа издвоени најдобрите потези. Тука се центарот на Јута Вајтсајд, Мен од ЛА Клиперс, Пејтон од Голден Стејт, Хилд од Сакраменто итн.