Кошарка

Антиќ на натпревар на Јокиќ

Првиот човек на мак баскетот и единствен наш претставник во НБА лигата, направи убава тура во САД. Ја посети Атланта Хокс, каде играше во периодот 2013-2015, се виде со Богдан Богдановиќ со кој славеа европска титула во Фенербахче, а замина и кај Никола Јокиќ за да го следи во живо последниот негов меч од регуларниот дел во сезоната против Мемфис на кој Денвер славеше.

Неверојатната сличност на асистенциите на Никола Јокиќ и Вилт Чембрлен

Само 674 натпревари му беа потребни на Јокиќ за да стане втор најдобар центар со 4.662 асистенции во НБА лигата. Пред неколку дена го мина Вилт Чемберлен кој има 4.643, ама на 1.045 натпревари. Прв е Карим Абдул Џабар со 5.660 остварени на 1.560 меча. Краток ама феноменален клип со сличности на двајца кошаркарски мозоци од две различни ери.

Партија на кариерата за Нено против ЦСКА на Рајковиќ, ги уништи со 40 поени

Македонскиот дуел во рускиот кошаркарски шампионат му припадна на Ненад Димитријевиќ кој блесна против ЦСКА Москва предводена од Емил Рајковиќ. Му се насмевнува МВП признанието.

Моментот кога Хрватите ја напуштија церемонијата со медалите поради Србија

На последниот меч од Евролигата против Валенсија, навивачите на Партизан непотребно се вратија во минатото и ги навредија Тони Кукоч и Дино Раѓа, кои пак две недели претходно беа топло примени во Штарк арената во Белград. На што всушност мислеа со паролата?

Виктор го здроби шампионот со 17 поени за 3 минути, Јокиќ промаши шут за победа

На само еден натпревар до завршувањето на регуларниот дел од сезоната, Денвер Нагетс неочекувано загуби од претпоследниот Сан Антонио и ја загуби челната позиција во Западот.

За кого Шекил би платил карта да го гледа во живо

Убав лаф муабет во еден подкаст. Шек прашува прво како е можно Бен Симонс да зема 40, 50, 80 милиони долари со едвај 55 одигран меча во сезоната и му препорачува да мачка некоја маст на грбот. А за другиот за кој сигурно би платил карта вели дека е потпретседателот на здружението на најдобри центри во историја.

Евролига прашува: Кој прави најдобра атмосфера?

Во кошаркарска Евролига вечерва и утревечер се игра последното коло пред почетокот на разигрувањето. На социјалните мрежи администраторите од Евролига дадоа избор за гласање во која сала има најдобра атмосфера.

Што е со забивањево бе мајсторе?

Баталете вие Ол стар викенд. Цела сезона во НБА е веќе како Ол стар викенд. Брендон Милер сака да ви покаже нешто, 21 годишниот член на Шарлот кој беше избран лани како втор пик на драфтот. Страшен потег, еден од најјаките оваа сезона.

Што има ново кај Јокиќ? Го мина Вилт Чембрлен по број на асистенции

Само една ноќ откако лекција по кошарка држеше Лука Дончиќ, веднаш по него на ред дојде Никола Јокиќ. Речиси на секој натпревар стигнуваат по некое ново импресивно остварување.

Ама договарајте се со време, не може двајца да ја закуцате

На мечот меѓу Чикаго и Њу Орлеанс, двајца играчи на Булси се погрижија да ја видиме комедијата број 1 оваа сезона во НБА. Тројца тргнаа на контра. Топката ја има Тори Крег, а тој зад него талентот е Андре Драмонд.

Кам бек на Перо Антиќ во Атланта, овој пат како гостин

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија е за сега првиот Македонец кој заиграл во НБА лигата. Го носеше дресот на Атланта Хокс две сезони (2013-2015), а синоќа им беше во посета. Го следеше мечот Атланта - Мајами, а даде и интервју на кое водителот го испофали како еден од играчите кои ќе останат доживотен бренд на Атланта.

Џоел Ембид го има поенот на вечерта печен за топ листи

Го оперираше коленото и паузираше 29 натпревари, но тоа не значи дека заборавил да игра кошарка. Зборуваме за МВП-то од регуларниот дел на минатата сезона кој со 37 поени, 11 скока и 8 асистенции и донесе победа на Филаделфија на дуелот со Детроит. Погледнете го каков кош успеа да извади. Ги збуни сите.

Дончиќ си поигруваше со Шарлот и стаса со 2.341 поен сезонава, невидени во историјата на клубот

На три меча до крајот на регуларниот дел од сезоната, Далас Маверикс го обезбеди пласманот во плејофот. Поинаку и не се очекуваше со ваков Лука Дончиќ.

Кајри Ирвинг за балканскиот ноќен живот со Дончиќ

На НБА ѕвездата и соиграч на Лука Дончиќ не му текна име на некоја српска песна, ама па научил каков е редот на нашиве простори кога се излегува навечер.

Луда тројка на Данте Егзум кој зборуваше за атмосферата во НБА и Србија

Во големото дерби на Тексас, Далас Маверикс едвај во продолженијата го совлада Хјустон Рокетс 147:136 во меч во кој „ракетите“ имаа огромна предност но на крајот Данте Егзум со тројка ги однесе Мавс во продолженија.

Дончиќ пак одлепи на загревање со нестварен кош

Лука Дончиќ на моменти се однесува како да не е од оваа планета. На загревање пред мечот со Хјустон Рокетс пред една недела, постигна табла кош, а претходно топката се удри од семафор. Синоќа пак Далас играше против Хјустон и Лука повторно ја изведе истата лудорија, на малку поинаков начин.

Асистенција за најавни шпици и нов трипл-дабл на Јокиќ

Шампионот Денвер Нагетс ја совлада Атланта Хокс 142:110 и одново се врати на првото место на табелата во Западната конференција пред стартот на разигрувањето.

Јак и многу симпатичен гест во грчката кошарка

На мечот меѓу Аполон и Олимпијакос за домашниот тим дебитираше дете со само 16 години по име Леонидас Валканас. Гостинскиот играч Ларензакис бараше да му дадат топка, а потоа намерно го фаулираше за да постигне поени на неговиот прв настап во сениорска конкуренција. Каков шмекерски потег.

Јака дебата и Гарнет до Пол Пирс: „Знаеш ли од кај доаѓаат Хрватите, Србите“

Врвниот тандем Пол Пирс - Кевин Гарнет кој во 2009-та освоија шампионска титула со Бостон Селтикс ја продолжија дискусијата околу европските играчи во НБА. Пирс вика дека Европјаните биле многу мекани. „Човече погледни го Вембенјама, толку е мек, нежен, зборува со секси јазик. Кај нас во Америка во секое маало се одело на тепачка за време на баскет, они не се такви“.

Анегдотата со препознавање хрватски кошаркар во Белгија

Поранешниот српски кошаркар Александар Шубара раскажал интересна случка од времето додека играл во Белгија, односно во тамошниот најдобар клуб Шарлоа чиј тренер бил Саво Вучевиќ, инаку чичко на лидерот на Чикаго Булс Никола Вучевиќ.

Два летечи цепелини на Расел Вестбрук и промашување какво што не се памети во НБА

Јокиќ промаши шут за тројка која ќе знаеше победа на Денвер Нагетс против Лос Анџелес Клиперс. Но остајте го сега Јокиќ и гледајте какво промашување режираше Вестбрук, кој рака на срце ги имаше и двата најтрактивни потези на мечот.

24-ти сезонски трип-дабл за Никола Јокиќ, промаши шут за победа во последна секунда

Во дербито на вечерта, ЛА Клиперс го совлада шампионот Денвер Нагетс 102:100 иако првакот имаше во еден момент дури 17+ поени предност.

Ново шоу на Дончиќ од пола терен, овој пат со Богдановиќ

Со 25 поени, 12 скокови и 8 асистенции Лука Дончиќ ја доби балканската битка против Богдан Богдановиќ кој постигна 17 поени, 7 скока и 2 асистенции на дуелот Далас - Аталанта 109:95. Словенечната и српската ѕвезда претходно направија забава со тројки од центар.

ЕСПН: Фаворит за МВП на сезоната е Никола Јокиќ

Ако овие резултати останат вака, тогаш српскиот кошаркарски ас наскоро ќе оствари хет-трик и ќе влезе во друштвото на Меџик Џонсон и Лери Бирд.