Фудбал

Ето ги стопираше неговите порно приказни

„Порно Одмазда: фудбал, секс и пари“ е книгата која требаше да излезе денеска во Франција, но славниот камерунски напаѓач кој е опишан како безмилосен успеа да ја спречи дистрибуцијата.

Трансферот што ја сврте Словенија наопаку

Најдобриот словенечки фудбалер во последните десет години, Миливоје Новаковиќ потпиша за Марибор и со тоа ги разгневи навивачите на Олимпија Љубљана кои не можат да се помират со фактот што детето на клубот оди „кај душманите“.

Суарез од паркинг

Нема ден да помине а некој од триото Меси-Суарез-Нејмар да не направи ново чудо со топката. По Аргентинецот пред некој ден, сега Уругваецот покажа дека докторирал на тема гол од позади ограда.

Еврголот на Бобо Виери, преведувачот и Ферарито

Кристијан Виери беше синоним за врвен шпиц и имаше карактеристики кои му овозможуваа да ги решета мрежите од секоја позиција. Буквално од секоја, како против ПАОК во Купот на УЕФА, гол за кој добил Ферари.

Капитенската колекција на капитенот

За Џон Тери оваа сезона е последна на Стемфорд Бриџ каде игра од 1998 година. Тој е најтрофеен капитен во историјата на клубот и еден од петмината играчи на Челси со над 500 настапи.

Незаборавниот херој на миланското дерби

Еден од ретките на кого му сметале силните милански светла и кој го презирал фудбалот затоа што се чувствувал како роб. Слободата ја нашол во сурфањето на бранови, уживал да спие по плажи во Бразил.

Манчестер нека не го гледа овој податок

Само две екипи од 2008 година наваму (без Манчестер) примиле повеќе од еден гол од Митјиланд на европските натпреварувања. Ако Сер Алекс Фергусон им ја види историјата и ги спореди со Манчестер, ќе потоне во земја.

Соблекувалната на Мидтјиланд после победата

Додека многумина гужваа и кинеа тикети, а богами и нерви, фудбалерите на Мидтјиланд особено оние од Африка знаеја како да го прослават историскиот триумф. Данската екипа синоќа играше првпат после месец декември.

Ретки фудбалски фотографии

Како изгледаше Христо Стоичков со Златната топка, како Шмајхел оди на работа, детето Ариел Ортега во Ривер Плејт и уште неколку необични фотографии од времето.

Валенсија наплати за сè против Рапид, Ливерпул нерешено

Фудбалерите на Валенсија постигнаа дури пет голови за едно полувеме против Рапид Виена вечерва во 1/6 финалето од ЛЕ. Лацио извлече поволни 1-1 на гостувањето во Истанбул.

Јунајтед загуби во Хернинг, Фиорентина и Тотнем ремизираа

Вечерва се играат првите натпревари од Лига Европа, а изненадувањето на вечерта се случи во Данска, каде Манчестер Јунајтед загуби 2:1 од Митјиланд, екипа која игра првпат од декември.

Левата бековска позиција во женскиот ПСЖ

Девојката се вика Лора Було, има 10 години стаж во ПСЖ, 155 настапи и 15 голови, а од 2005 година настапува за француската репрезентација. Нема да ве гњавиме со други податоци за неа.

Како ќе изгледашe Валенсија ако не продаваше ѕвезди

Во 2010-та Виља во Барселона и Силва во Манчестер Сити, во 2011-та Мата во Челси и Иско во Малага, во 2012-та Алба во Барселона, во 2013-та Гаго во Бока Јуниорс, во 2014-та Банега во Севиља, Мате во Барселона и Бернат во Баерн Минхен, во 2015-та Отаменди во Барселона. Валенсија во моментов е 12-та во Ла Лига со само 6 победи по 24 кола и на 6 бода до зоната за испаѓање.

Како тоа не играл за репрезентација?

На мечот Фулам - Астон Вила во 2003. година падна голот после кој требаше веднаш да се избере играч на годината, гол на годината, репрезентативец и сè по ред. Дами и господа: Џон Харли.

10 луѓе кои одбија страшни кинески пари

Кинезите решија да се отворат на спортски план, така што 50 милиони евра за трансфер им се како добар ден. Сепак, некои луѓе покажаа дека парите не им се пресудни во моментов.

Бенитез: Реал само менува тренери, а Барса освојува трофеи

Скоро два месеци по отказот, Рафа Бенитез зборува отворено за тоа што не му се допаѓало во Реал Мадрид, а ги споредува и клупските политики меѓу Реал и Барселона.

Полн стадион без мажи, со 43.000 жени и деца

Во 2011. година, поради инвазијата на навивачите на пријателската против Шахтјор, Фенербахче беше казнет да игра без публика две домашни средби. Клубот предложи да може да присуствуваат жени и деца до 12 години, турскиот сојуз прифати и стадионот Шукру Сарачоглу прати убава слика во светот.

Денот пред заминувањето на Роналдо од Интер

„Во Пјаченца ни свирнаа пенал. Ја земав топката и му ја дадов на Роналдо бидејќи тој беше пеналџијата. Шутирај ти ми рече, за да станеш најдобар стрелец. Со тој гест ми покажа дека е со мене. Мојата радост беше и негова“, вели Бобо Виери.

Важни бројки од ерата на Берлускони во Милан

Италијанските медиуми ги извадија најважните податоци од 30-годишното владеење на Берлускони со Милан, кој неколку сезони не наликува на екипата која царуваше со Европа.

Каде е топката?

Она кога викаме где је лопта, ова е тоа видео кое се бара. Да не му кажеше, веројатно ќе ја бараше преку ограда.

Реал и Волфсбург со една нога во четвртфинале

По домашните победи на ПСЖ и Бенфика, втората осминафинална ноќ во Лигата на шампионите донесе победи за гостинските екипи кои веројатно ќе бидат клучни за пласман во топ 8 фазата. Гол број 89 за Роналдо во Лигата на шампионите. 

Незаборавниот гест на Оливер Кан

Баерн Минхен во 2001. година против Валенсија на Сан Сиро после продолженијата и подобро изведените пенали го освои пехарот во ЛШ по четврти пат во својата историја. Тоа финале ќе се памети засекогаш по еден од најемотивните настани во фудбалот.

Патриотизам се докажува на терен, не со маица

По мечот Фенербахче - Локомотива Москва, фудбалерот на гостите Дмитри Тарасов се прошета со маица на која беше ликот на Владимир Путин. УЕФА му спрема казна од 10 меча, а во Русија не спласнува полемиката.

ПСЖ не прима по два гола, да си знаете

На 41 меч оваа сезона на сите натпреваруварува фудбалерите на ПСЖ постигнале 91, а примиле само 16 гола. Има само еден јунак кој успеал да им даде два гола, а тоа се случило пред 5 месеци. Инаку ПСЖ во француското првенство има 22 победи, 4 нерешени и ниту еден пораз, а на второпласираниот Монако му бега 24 бода.