Фудбал

Патот до финалето на Португалија и Франција

Португалците ја минаа групната фаза со 3 бода откако одиграа 1:1 со Исланд, 0:0 со Австрија и 3:3 со Унгарија. Во осминафинале ја добија Хрватска во продолженијата, а во четвртфинале ја минаа Полска на пенали. Првиот триумф во 90 минути игра го остварија со Велс. Франција стартуваше со две победи, но и двете со голови на крај. 2:1 со Романија и 2:0 со Албанија. Против Швајцарија одиграа 0:0. Во нокаут фаза падна Република Ирска со 2:1, па Исланд со 5:2 и Германија со 2:0. Финалето меѓу Португалија и Франција е во недела во 21:00.

Најдобрата одбрана на мечот

Германија притисна во последните 20 минути против Франција и имаше зрели шанси за да го направи полуфиналето неизвесно, а најголемата шанса им ја спречи Хуго Лорис.

Франција оди во финале, Гризман брои до 6 гола

Франција - Португалија е финалето на 15-то Европско првенство кое се игра на француско тло. Германија не успеа да го оствари сонот и Светската титула да ја спои со Европска. Пречка беше Антоан Гризман кој погоди од пенал, а во второ полувреме собра еден отпад. Германците го торпедираа голот на крај, но неуспешно.

Фернандо Сантош ги совлада сите ривали со нивни оружја

Иако Ибериските староседелци играат бавен, досаден, приспивен фудбал, таквиот пристап носи резултати а стариот лисец Фернандо Сантош не отстапува од системот и покрај критиките од светската јавност дека го убил фудбалот на Европското.

Западна Германија го врати пехарот, Италија ја тресеше скандал

По петте Европски првенства со само четири земји учеснички, УЕФА реши да направи големи промени и да го зголеми двојно бројот на репрезентациите. Грција дебитираше, а мечот за трето место и покрај меракот наречен пенали потоа беше укинат.

Португалија и Велс не играа во црвени дресови од хумани причини

Не е нов циркус на УЕФА, ниту некаква желба на спонзорите да „намлатат" повеќе пари од продажба на дресови. УЕФА едноставно поведе сметка за немал број на луѓе кои имаат проблем со распознавање на боите.

Каде е и што прави Балотели?

Што и да кажете и што и да помислите за Марио Балотели за тоа што би можел да прави, во период кога клубовите мируваат, а репрезентациите играат на Европско, нема да погодите, нема шанси.

Тешко на Португалија со оваа статистика

Противникот на Португалците во финалето, кој и да биде, по традиција редовно бил подобар, а тоа го докажува статистиката која целосно е на нивна страна.

Шишај ме кратко, утре дебитирам во Премиер лига

Необично, еден е од ретките во Велшката репрезентација кој зборува чисто на мајчин јазик. На дебито со 16 години за Кардиф, најдобриот другар го ишишал и го упропастил поради што морал да се бричи на нула. По тешката повреда во 2010, се врати уште појак и подобар.

Аргентина нема ниту играчи ниту селектор за Рио

Фудбалската федерација на Аргентина објави список од 18 играчи кои треба да патуваат на Олимписките игри за еден месец, но не добија сите зелено светло од своите клубови. Ситуацијата е хаотична и можно е воопшто да не учествуваат.

Ефектот Роналдо

Кога на некој ќе му тргне од сабајле на монтажа излегува вакво видео.

Кварезма не е за старо железо, прашајте го Џо Ален

Некогашната ѕвезда на португалскиот фудбал си поигра со резервистот на Ливерпул.

Португалија е првиот финалист на Европското!

Португалија ќе игра во своето второ финале на Европско првенство, откако вечерва со 2:0 го совлада Велс. Португалците во Париз во недела ќе се обидат да го заборават болниот пораз од Грција пред 12 години.

Малиот што се сликаше со Португалија пред мечот

Во најдосадното полувреме од досегашниот тек на Европското, најинтересен момент беше дечкото кој застана да се слика со Португалците пред мечот.

Најдраматичното полуфинале на ЕП со 9 гола и Југославија како победник

На денешен ден пред точно 56 години Франција и Југославија го одиграа првиот меч на Европските првенства кој всушност остана еден од највозбудливите и заврши со лудачки пресврт за 4 минути.

Полуфинале во знакот на колегите од Европскиот првак

Иако фудбалот е тимски спорт произведува епски битки меѓу некои од нејзините најистакнати експонати. Најновата се игра вечерва во Лион каде се среќаваат двајцата најскапи фудбалери во историјата кои пред 40 дена заедно се радуваа на пехарот во Лигата на шампионите.

Меси и татко му осудени на 21 месец затвор

Ѕвездата на Барселона на почетокот на јуни се појави на суд, заедно со татко му поради сериозните обвинувања за затајување данок, а денес ја слушнале пресудата и ќе мора да платат 2 милиони евра.

Старо ама многу добро

Џанфранко Ѕола вчера наполни 50 години. Дресот на Челси го носеше од 1996-та до 2003-та, а кога му одеа тројца од Ливерпул имаше вакво чаре:

Кристал Палас има повеќе играчи на ЕП од Реал и Барселона

Статистиката покажува дека 25% од играчите на Европско биле од англискиот фудбал, а од француското првенство имало помалку играчи отколку од англиската втора лига.

Зошто ретко кој навива за Португалија

Португалија го игра можеби најдекадентниот фудбал на ова Европско. Одиграа два меча без голови, се потпираат само на Роналдо а среќата ги погледна на пенали против Полска и во продолженијата против Хрватска. Зошто ретко кој навива за нив?

Првиот ден на Гвардиола во Манчестер Сити

Пристигна на Етихад на 3 јули во 13:43 и за едно час и 15 минути направи обиколка во базата на клубот. Се запозна со вработените, ги виде како тренираат децата на Манчестер Сити до 13 години и на крај се појави пред навивачите. Од фудбалерите налета на Илкај Гундоган кој го донесе како засилување од Борусија Дортмунд. 

Сите слободни удари на Роналдо на ЕП 2016

Изведе 10, не даде ниту еден гол од слободен и сите му се ужас, освен вториот против Унгарија, единствен на кој се помачи голманот да му ја фати. 

6:1 за Германија против домаќините во полуфинале

Светскиот првак освен што има квалитет, моќ и прилика да врзе и Европска титула, има и една опасно добра статистика која е на нејзина страна и од која треба да се плаши Франција.