Секој голман знае дека прв услов да станеш голман е да знаеш добро да паѓаш. Малиот Џиџи научил рефлексно да се фрла и да паѓа зимно време на снег во куќата на чичко му, а на лето постарите сестри го терале да трча со врзани раце по плажа каде ги дерел колената.
Кога Буфон, Харт, Навас, Де Хеа, Ноер, Хандановиќ и Браво ги имаме во едно видео тогаш јасно е што ќе се гледа. Иако оваа компилација немаше да биде толку атрактивна ако ги намаше лудачките интервенции и на другите за нас непознати голмани.
Тој е еден од моите омилени играчи кој ретко ја додава топката назад и кој е одличен во лизгачки стартови. Кога ќе ме праша некој како сакам да играм фудбал, им пуштам клипови од Лам, се вели во анализата за германскиот репрезентативец.
Ако борец број 1 во Премиер лигата е Канте, тогаш во Серија А тоа дефинитивно е Наинголан. За фудбалерот на Рома дури и чудно е кога ќе се види дека вкупно 8 години од кариерата потрошил во Пјаченца и Каљари.
Идејата на новиот претседател на ФИФА, Џани Инфантино за Светско првенство со 48 репрезентации поделени во 16 групи по три селекции веројатно ќе биде разгледувана на Конресот на ФИФА утре во Цирих.
Иако во февруари ќе наполни 18 години, Џанлуиџи Донарума веќе го доби статусот наследник на големиот Буфон. Донарума од натпревар во натпревар потврдува дека Италија и Милан ќе имаат голман на долги патеки.
По пауза од 43 години се најде јунак кој го стигна најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, Сер Боби Чарлтон. Тоа е Руни кој 12 годишниот стаж на Олд Трафорд го круниса со 249 гола, бројка која сигурно уште ќе расте.
Џонатан Клаус има 33 години и е дефанзивец на францускиот третолигаш Авраншен. Со други зборови, човекот добил желба да се проба во напад и успева да држи инает 70 метри против сè живо што ќе му се појави на патот.
Еден доста интересен, атрактивен и богат ретро флеш од Серија А со 9 голови во кои главни протагонисти се двајца актуелни тренери кои важеа за големи стрелци во 90-те.
Трејлер од документарецот „Becoming Zlatan“ со ретки снимки од деновите кога беше млад и се пробиваше почнувајќи од Малме, а претходно и Балкан, клуб формиран од мигранти од нашиве простори. Прецизни зборови за неговата моќ со топката користи и татко му.
Бундеслигашот Борусија Менхенгладбах се пошегува со новиот фудбалер на клубот, Французинот Тимоти Колоџејчак. Германците мака мачеле со изговорот на неговото презиме па на крајот решиле на дресот да му пишува Коло. Добро, не е дека и Борусија Менхенгладбах има лесно име за читање.
На 5 јануари 2014-та фудбалскиот свет го напушти Еузебио - кралот на португалскиот фудбал и еден од најголемите на сите времиња. Во фудбалот остави фасцинанти бројки како на пример 11 првенствени титули со Бенфика и вкупно 790 голови за клуб и репрезентација. Во 62-ра Бенфика ја качи на Европскиот трон, а во 65-та ја освои Златната топка. Безременско легендиште.
Кинеското цунами кое го погоди европскиот фудбал не може да биде толку големо како што изгледа бидејќи клубовите се лимитирани на четворица странци во екипа. Приоритет е да има место за Кинезите кои треба од нив да научат фудбал. Работата изгледа доста сериозна бидејќи во игра се влезени најголемите светски компании.
Пред точно една година Зинедин Зидан стана тренер на Реал и веќе докажа дека е голем стратег: 3 трофеи (ЛШ, Суперкуп на Европа, Клупско Светско). 53 меча, 41 победа, 10 нерешени и само 2 порази.
Хенрик Михтарјан реши да ги поздрави навивачите на Манчестер Јунајтед од Јужна Кореа и да им честита празници. Ама пред да почне, зад сцената настапи кој друг ако не Златан.
Кинезите на Карлоз Тевез му дадоа годишна плата од 38 милиони евра, а денеска на Борусија Дортмунд ѝ понудија 150 милиони евра за Обамејанг. Идни планови? До 2050-та фудбал да заиграат 50 милиони Кинези и да станат Светски прваци.
Не, Шапекоенсе нема да избледе од фудбалската мапа на светот. Тоа нема да го дозволат бразилските и многу други светски клубови кои се решени да помогнат на било кој начин. Костурот на тимот сега ќе го сочинуваат преживеаните фудбалери.
Африканската фудбалска конфедерација ја објави кратката листа од пет кандидати за наградата најдобар играч на Африка која ќе се доделува на 5 јануари. На списокот го нема Јаја Туре кој беше „претплатен“ на оваа награда.
Клаудио Каниџа е култен херој на Аргентина познат по белиот прав и другарството со Марадона. И да победува и да губи неговиот тим, никој не можеше да го извади од диско, па дури ни Вујадин Бошков.