Фудбал

Талентот од Бари кој пропадна и остана без клуб поради карактерот

Да играш четири сезони во тандем со Тоти, потоа да те купи Реал Мадрид, па да ти дадат шанса Милан и Интер, а да не можеш да се освестиш ниту откако два пати ќе ти речат дека си непожелен во Сампдорија, треба да си навистина глуп.

Страшен капитенски говор на 10-годишно дете

Капитенот на тимот на Њуелс Олд Бојс до 10 години, Максимилиано Паренте се прослави после појавувањето на видето на кое се гледа како ја наострува екипата пред финалниот меч против лутиот градски ривал Росарио Централ.

Топовските голови на Руни како дете во Евертон

Вејн Руни е дете на вториот клуб од Ливерпул. Член на младинската школа на „Карамелите“ бил од 1996. година а за првиот тим играше од 2002. до 2004. година. Во синиот дрес постигна 15 ефектни голови иако уште беше тинејџер.

Каде се и што прават светските шампиони од 2006-та

Некои и после 10 години уште играат активно, некои запливаа во тренерски води, некого поврзуваа со мафијата, а некој замина на далечниот исток. Кои беа играчите кои го обоија небото со аѕурна боја таа 2006-та?

Разликата меѓу Меси во Барселона и Меси во Аргентина

Вечна дебата на анализи со години е зошто Меси не е истиот во дресот на Аргентина, како што сме навикнати да го гледаме во Барселона. Се појави видео со објаснувања кои навистина делуваат логично. Добро би било некој вакво нешто да измонтира и за Пандев па да се грабнете за дебата каде лежи проблемот. 

Добар потег на Бане

Со плата од Премиер лига која ти ја дава клуб по име Челси, човек само малку треба да се сети како може да израдува дете, а тоа да му донесе едно големо браво. Бранислав Ивановиќ купи карти за 50 деца за мечот меѓу Велс и Србија и потоа најде време и да се сретне со нив.

Како Михајловиќ се борел со карактерот на Берлускони и како го промени менталитетот во Торино

Со авторитетот кој се вика Силвио Берлускони за кој познато е дека им наложуваше на тренерите кој треба да игра во прв состав, успеал на свој начин да се избори српскиот стратег кој смета дека 29 од 30 години бил најдобар газда во свет на сите времиња.

Ловрен раскажа за бегалскиот живот од војната

Дефанзивецот на Ливерпул и репрезентативец на Хрватска, Дејан Ловрен раскажа низ колку тежок период поминал во детството кога избила војната во Босна и Херцеговина.

Џабе сте најдобри во свет кога носите сандали со бели чорапи

Германците во петокот со 0:8 го победија Сан Марино што беше причина некои нивни репрезентативци со омаловажување да коментираат за противникот кој на крајот не остана должен.

Серија А од едно друго време со едни други ѕвезди

Се сеќавате ли на седумте сестри? Или популарните „le sette sorelle“ на италијански? Не зборуваме за жени, туку за Јувентус, Милан, Интер, Лацио, Рома, Парма и Фиорентина. Екипи со кои мечевите во 90-те беа мелем на душа во италијанското првенство.

4 години од страшниот гол на Ибрахимовиќ за Шведска

„Пола Златен - пола наверојатен“ беше еден од највпечатливите наслови тој 14-ти ноември 2012 година кога Ибрахимовиќ го постигна можеби најубавиот гол во историјата на фудбалот. Пријателска играа Шведска и Англија, Швеѓаните добија 4-2, а Ибра ги даде сите четири гола.

Најсмешниот црвен картон сезонава го доби Џеко

Мечот Грција - Босна и Херцеговина од квалификациите за СП 2018 заврши 1:1 а пред крајот играчите беа многу нервозни. Гостите поведоа со 0:1 благодарение на евроголот на Миралем Пјаниќ во првото полувреме, а Грците се извадија во 95’ минута преку Цавелас.

Лекција за изведување корнери од 10 годишни деца

Ќе речеш 10 години имаат и не знаат ништо освен да играат и да се бркаат низ маало, ама не било така. На Шангај У10 уште сега им работат мозоците за правење итри и модерни потези во фудбалот кои носат резултат.

Прием на колото

Селекцијата на Франција со пресврт славеше против Шведска во квалификациите за СП 2018. Пол Погба освен што израмни и го најави пресвртот, кој знае што ќе правеше со оваа топка ако судијата да не ја прекинеше акцијата. Како и да е, приемов вреди да се види.

Рутинирана победа на Шпанија

Македонската фудбалска репрезентација се соочи со висок пораз на гостувањето во Гранада. Избраниците на Игор Ангеловски загубија 4:0 во 4. коло од квалификацискиот циклус кој слободно можеме да го прогласиме за завршена приказна. 71% посед на топка за Шпанците.

Според АС, Барди и Бабунски во првите 11 вечерва

Реномираниот шпански портал АС ги објави можните состави за вечерашниот дуел меѓу Шпанија и Македонија од 20:45 во Гранада. Столе Димитриевски ќе застане на голот, напред Несторовски и Пандев.

Мосад осуетил терористички напад врз фудбалерите во Албанија

Албанецот од Косово Лавдрим Мухаџери кој се смета за еден од командантите во терористичката организација ИСИС планирал напад врз израелските фудбалери на мечот во Албанија.

Голот кој не се брише од меморијата на Англичаните

Дербито на вечерта во квалификациите за Мундијалот во Русија се игра во групата Ф. Се работи за едно од најголемите ривалства меѓу две земји, Англија и Шкотска. На навивачите на Гордиот Албион оваа пресметка секогаш ќе им буди спомени на Европското во 96-та и оној епски потег на Пол Гаскоњ.

Кога пргавиот Бразилец слетал во Мадрид со влечки и шорцеви

Како мал одел со камион со чичко му до границата со Парагвај, купувал бижутериски накит и потоа го препродавал во Сао Пауло. Добро му одело, заработувал пристојно и не сакал да му се врати на фудбалот. Не сакал сè додека не го сретнал агентот Хорхе Мендез.

Дел Пјеро и Тоти на снимање реклама

Франческо Тоти прв му го честиташе 42 роденден на Алесандро Дел Пјеро, а италијанските медиуми потоа се сетија на една нивна заедничка реклама која не можеа да ја снимат од многу кезење.

Како Кака заработил аплаузи во соблекувалната на Олд Трафорд

Кога Росонерите во 2007-ма ја освоија Лигата на шампионите, на чекор до финале им застана Манчестер Јунајтед. Во Милано славеа 3:0, а во Манчестер загубија 3:2. Кака освен што ги постигна двата гола на гостувањето, направи гест кој никогаш нема да му го заборави Рајан Гигс.

Бесплатен доручек зошто Кун и Пипита не дадоа гол

Во текот на денот пред мечот со најлутиот ривал Аргентина, локал во Бело Хоризонте нудел бесплатна ужина следниот ден во случај Серхио Агуеро и Гонзало Игуаин да не му дадат гол на Бразил. Така и бидна.

Дебакл на Аргентина на дербито, во моментов се во аут за СП 2018

Селекцијата на Бразил ги истера демоните од Бело Хоризонте каде окрка 7 парчиња од Германија во полуфиналето на последниот Мундијал. Нивна мета беше најголемиот ривал кој со триото Меси – Игуаин – Ди Марија не можеше да даде ниту еден гол.