Фудбал

Кои од фудбалерите имаат завршено факултет

Тешко дека некој талент за фудбал кој планирал да прави кариера и пари од оваа претерано платена професија (во некои странски земји), ќе батали да тренира за да се затвори дома и да учи. Но ете имало и такви кои стасале до диплома, а истражувањата покажуваат дека се само 1%. Чуму?

Колку фудбалерите на ПСЖ знаат за своите репрезентации

Ако вечерва во 00:45 сте будни, ќе има зошто да бидете будни уште 2 часа. Квалификациски меч за Светско играат вечните ривали Бразил и Аргентина, а во пресрет на средбата ПСЖ ги седна Пасторе и Ди Марија од едниот табор и Маркињос и Лукас од другиот за да им ги провери знаењата.

Икарди да не е, Интер ќе се чеша

Ако Палермо сезонава не може без нашиот Несторовски кој постигна 6 од вкупно 9-те погодоци на тимот, тоа во Интер дефинитивно е Мауро Икарди без кој Нероаѕурите би го имале најлошиот напад во Серија А.

Топовски проектил кој не се брани

Селекцијата на Белорусија синоќа ја изненади Грција на пријателски дуел кој се играше на стадионот Караискакис во Атина. Стрелец на единствениот погодок на средбата беше Сергеј Политевич кој зема залет и ја опали душмански.

Како трансферот на Педро во Челси спаси мал клуб со долгови

Сигурно немате слушнато за фудбалски клуб по име Сан Исидро, освен ако сте биле на одмор на Канарските острови или во кладилница играте четврти лиги. Епа тоа што лани Педро направи трансфер во Челси целосно му ја промени иднината на овој анонимен клуб.

Што правел Трамп во англискиот фудбал во ’91-ва?

Во декември 1991. година, идниот претседател на САД учествувал во ждрепката за четвртфиналето на англискиот Лига Куп. Ни крив ни должен, се испоставило.

Тиаго Алкантара и Рафиња - браќата кои учеа од најдобрите

Двајцата браќа, од кои едниот игра за Шпанија, другиот за Бразил фудбалскиот занает го стекнаа во Ла Масиа, фудбалската школа на Барселона од каде едниот тргна по стапките на Гвардиола во Баерн, а другиот остана на „Камп Ноу“ да се бори за место во тимот.

Лукаку на погрешна нога

Холандија и Белгија синоќа одиграа пријателски меч кој заврши 1:1, а ако некој случајно типувал 3+ или ГГ3+ парите нека си ги бара кај Ромелу Лукаку.

34 пенали изведени на меч на Челси во англискиот Лига Куп

Историски натпревар се одигра синоќа во англискиот ЕФЛ Трофеј Куп. На Стемфорд Бриџ пред околу 5.200 гледачи, тимот на Челси до 21 години ги победи врсниците од Оксфорд со 13:12 откако во регуларниот дел беше 1:1.

Топ 5 голови на Дел Пјеро

Од 290 голови постигнати за Јувентус, тешко е да се направи куса листа на најдобри голови на еден од најдобрите италијански напаѓачи во историјата. Одбравме 5, сите од 90-те, во чест на неговиот денешен 42 роденден.

Стипсата Бенфика и шведскиот третолигаш

Португалскиот гигант Бенфика, кој важи за 26-от најбогат клуб на светот, во 2011-та го купил Виктор Нилсон Линделоф за мала сума, но се испостави дека не платиле една од договорените ставки и Швеѓаните останале кратки за 250.000 евра поради што тешко преживуваат.

Фудбалерот кој го откри најпознатиот наместен меч во Европа

Твојот клуб игра за опстанок против најсилниот тим во Европа во тој момент кој со победа станува шампион. На маса ти нудат многу пари и соиграчите те убедуваат да се договорите затоа што и онака немате шанси да опстанете во лигата. Сторија за судскиот процес „Валенсиен-Марсеј“.

Меси и Маскерано начекаа гага превоз до Бразил

Селекцијата на Бразил во четврток ја пречекува Аргентина во Бело Хоризонте каде немаат играно уште од болниот пораз од Германија 7:1. Иако се работи за огромно ривалство меѓу двете селекции, Нејмар во пресрет на квалификацискиот меч си ги викна клупските колеги во сопствениот авион и заедно ја летнаа за Бразил. Кул потег.

Како судиите комуницираат на терен

Некој ќе рече дека една од најтешките работи во спортот ја работат делителите на правдата. И стварно е така, бидејќи имаат многу одговорна работа, а и да не погрешат ништо, пак ги пцуе кој стигне. Видеово е одличен приказ за тоа колку уствари се внимателни да не утнат нешто, а истовремено и напнати.

Koj e Трамп, а која Хилари во фудбалот

Бидејќи утринава сите читатели ќе се лепат на веста за новиот избор на претседател во САД и ќе успееме да ги натераме да читаат спорт само ако напишеме дека Меси потпиша за Реал Мадрид, ете и ние ќе бидеме ин. На некој му текнало да склепа неколку фудбалски фотомонтажи од познати моменти на кои Трамп е победникот, а Клинтон лузерот, но бил спремен и за обратното.

Најредовните стрелци во топ 5 лигите

На листата имате 40 стрелци од најквалитетните национални првенства во Европа кои сезонава во просек најчесто постигнуваат голови.

Најлошите 50 секунди во историјата на бразилскиот фудбал

Крузеиро и Гремио се едни од најпознатите фудбалски клубови од Бразил и претпоставуваме единствени кои имаат влезено во волку лош фазон да не знаат што со топката. Се бара носителот на тв правата да го објави цел натпревар за да видиме што правеле понатаму.

Најсрамното реми на Баерн Минхен

Денешниот датум навивачите на Челси го паметат по потписот на Ѕола, а навивачите на Баерн Минхен се срамат. На Алијанц арена во рамките на Купот на УЕФА во 2007-ма го нагостија Болтон кој допатува со втор тим. Се очекуваа многу голови и така и беше, паднаа четири, но никој не ни сонуваше дека два од тие ќе ги прими Оливер Кан. Болтон таа сезона стигна до осминафинале, а Баерн беше елиминиран во полуфинале од Зенит кој го освои Купот таа година.

Ден посветен на омилениот Италијанец на Стемфорд Бриџ

„Пред точно 20 години го потпишавме еден од најдобрите наши играчи во историјата“, напиша Челси на своите официјални профили на социјалните мрежи за легендарниот Џанфранко Ѕола.

Фудбалски магнет со 80 милиони евра годишно и 250 милиони фанови

Да ги имаш овие бројки од насловот до својата 31 година, навистина треба да го носиш прекарот магнет, бидејќи тоа си и за спонзорите и за фановите. Тие не те оставаат на мира, ама затоа едните те прават ултра популарен со милиони кликови на слика, а другите лудо те кешираат ако се напиеш сок или носиш гаќи во јавност.

Видео од убиството на судија во Мексико

На фудбалски меч во мексиканскиот град Талнсинго судијата Виктор Трехо му дал црвен картон на фудбалерот Руберн Ривера Васкез кој толку силно го удрил по глава што судијата починал на лице место. Бразилскиот портал Globo Esporte пишува дека 59-годишниот судија починал од мозочно крварење. Виновникот избегал од местото на настанот, ја искористил настанатата врева. Полицијата сега трага по Васкез.

Дојде време да не е срамота да се навива за Милан

Винченцо Монтела ги заврати ракавите и со нискобуџетните играчи кои му ги донесе Галијани склопи каков таков тим и почна да бележи резултати со кои Милан неочекувано стана најголемото изненадување сезонава во Серија А.

Навивачите на Интер удрија остро по играчите и управата, а не тренерите кои ги менуваат како чорапи

Кога клуб по име Интер после 12 минати кола во Серија А има 5 порази и е на 9 место со 13 бода зад лидерот, тогаш очигледно е дека нешто не оди. Но тоа е така веќе шест сезони по ред и навивачите не може повеќе да живеат со старата слава која ја создаде Мурињо.