Фудбал

Тимски гол на колото

Гонзало Игуаин викендов ги запечати конечните 3:0 против Каљари, а акцијата одеше течно и воиграно во нивни шампионски стил. Имате можност да ја видите и од поинаков агол во 2Д верзија, нешто како видео игрица од 90-те.

Кога Ериберто од Киево лажеше за пасошот

По неверојатното првенство со Киево на Џиџи Делнери, бразилското десно крило потпиша богат договор со Лацио во летото 2002 но трансферот пропадна откако му го откриле правиот идентитет.

Кога Реал Мадрид ќе се претвори во Барселона

Старите навики велат дека ова е игра типична за Барселона, но Реал Мадрид низ годиниве градеше тим, често менуваше тренери, созреа и со помош на Зидан создаде идентитет и направи извонредна серија на трофеи. Викендов против Ла Коруња на еден од трите гола им претходеа 44 додавања без Роналдо. Ова е игра за почит.

Вејн Руни им набива комплекс на навивачите на Сити

Фудбалерите на Манчестер Сити на 8 минути до крајот на средбата се спасија од пораз на домашен терен од Евертон. Гол број 200 за Руни во Премиер лигата на кој му лежат Граѓаните кога треба да се постигне јубилеен гол.

Зборовите на Бонучи пред Милан - Шкендија

Клупскиот канал на Милан го објави видеото и откри како новиот капитен на тимот ги мотивира своите соиграчи пред мечот од баражот за Лига Европа против Шкендија кој заврши 6-0 во корист на италијанскиот тим.

Што бе не вредам 222 милиони

Дебитираше против Генгамп со гол и асистенција, па со Тулуз постигна два гола и две асистенции. Она со што се обидува да ги купи француските навивачи и општо цела светска фудбалска јавност, се неговите лудории со топка по кои беше познат уште во Бразил. Обрнете внимание на дриблингот еден на еден, а потоа и голот кога ја понижи цела одбрана. Растур систем.

Старт на големите екипи од Серија А кој не се случил 32 години

За да се пронајдат пет победи на петте големи екипи од италијанското првенство во прво коло, треба да се копа во историјата се до сезоната 1985/1986. Но ако тоа е знак дека може да се повтори и конечниот изглед на табелата, тогаш пак ќе се радуваат само Јувентините.

Како Ибра го тренира коленото

Првичните најави беа дека ќе се врати на крајот од годинава, но докторските прогнози не важат за Златан. Се погласни се шпекулациите дека тој ќе продолжи да игра во Јунајтед, клубот кој минатата сезона го носеше сам на грб. Ибра на Инстаграм прашува: Кое колено?

И сега ова намерно е или не?

Само едно коло беше доволно да помине во шпанскиот фудбалски шампионат, за навивачите на Реал и Барса да се грабнат и да се расправаат за судиите кон кого биле повеќе наклонети. Барса синоќа славеше 2:0 против Бетис, а ова е спорниот момент кој крена тензија на социјалните мрежи.

Интелигенција од слободен удар

Познато е дека левицата на Александар Коларов е створена да ги буши мрежите од 30 па и повеќе метри, но овој пат српскиот репрезентативец го гледаме во едно сосема поинакво издание. Прв настап за Рома, прв гол за победа од 0:1 на гости против Аталанта.

Голчиште во Копенхаген

Данскиот шампион против кој играше нашиот шампион Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите во дуел од првенството славеше победа од 3-2 против Сондерјиске со голчиште на Србинот Андрија Павловиќ во 84’ минута.

Се повреди при прослава на гол и ќе паузира 7 месеци

Николај Милер, талентирниот фудбалер на Хамбургер го даде победничкиот гол на мечот против Аугзбург во 8’ минута и неверојатно несмасно го прослави па ги искина лигаментите и ќе паузира 7 месеци надвор од фудбалот.

Играч на Лион даде гол од пола терен

Неверојатен меч со дури 6 гола одиграа Лион и Бордо. Домаќинот водеше и 3-1 а гостите со два гола од 88 до 91 минута израмнија и земаа голем бод. Момент на мечот беше првиот гол на средбата кој го даде Набил Фекир во 10’ минута.

Сите дебитантски голови на Марко Асенсио

Страшниот талент на Реал Мадрид стана рекордер откако даваше голови на дебијата во: УЕФА Супер Куп, Ла Лига, Лига на шампиони, Европското У-21, Копа дел Реј и шпанскиот Супер Куп.

506 пенали за Јуве, Скудето за Про Верчели, Казале и Новезе

Со дуелот меѓу бранителот на титулата, Јувентус и Каљари денеска со почеток од 18 часот стартува новата сезона од Серија А која ја чекаме со душа. Одиме со 10 факти за италијанско од кои сигурно повеќе од пола не ви се познати. Парма нема освоено Скудето.

Сочувство за Барселона од целиот спортски свет

По терористичкиот напад во Барселона каде на една од најпознатите светски улици загинаа најмалку 14 лица а повредени се стотина, светот на спортот реагираше и прати пораки за сочувство и храброст на најблиските на загинатите.

Денешната насловна на сајтот на УЕФА

Капитенот Бобан Грнчаров и останатите јунаци на Чеде Јаневски се топ тема и на сајтот на УЕФА, каде е истакнато големото изненадување кое Вардар му го приреди на Фенербахче.

Автоголот на Фенербахче со коментар на Бранко Илиевски

Кога му го слушаш гласот мислиш дека гледаш италијанско на Телма. Но Бранко е во друг медиум и пред друг натпревар, а кога домашен клуб ќе направи ваква сензација, емоцијата е многу поголема. Премотувајте и уживајте.

Шкендија потона во Милано

Македонскиот вицешампион е веќе елиминиран во плејофот од Лига Европа. Со новиот Милан нема играчки, броеше до шест и не и остави на Шкендија ниту тронка надеж дека може нешто да направи на реваншот во Скопје. Силва и Монтоливо стрелаа по два пати, Борини и Антонели по еднаш.

Јуначки Вардар до историска победа, падна Фенербахче!

Фудбалерите на македонскиот шампион ја забележаа најголемата победа во клупската историја откако во првиот меч од баражот за Лига Европа го победија скапоцениот и ѕвезден тим од Истанбул.

Како Барсегјан му нарача космодиск на Шкртел

Еден од најубавите голови во помодерната историја на Вардар во евро-куповите падна вечерва откако Тигран Барсегјан го прати легендарниот стопер Мартин Шкртел по бурек.

Од каде нео-нацистичко знаме поради кое Вардар е казнет

УЕФА ги влече за уши и казнува клубовите за: употреба на пиротехника, седење на простор за поминување (скали), блокирање на влезови, употреба на неонацистички симболи. Ова последново му го залепија на Вардар чија историја и делување се оградува од таа идеологија.

Шкендија престојува во еден од најексклузивните хотели во Милано

По теркот на Реал, Манчестер, Баерн и сите останати гиганти и македонскиот вицешампион ужива во луксузот кој им се нуди на гостинскиот натпревар од плејфот во Лига Европа.