Фудбал

Евроголот на Блажевски за најавните шпици

Вардар има катастрофален скор од 2 дадени и 19 примени голови по 5 минати кола во Лига Европа. И двата гола кои ги постигнаа на гости се празник за очи. Првиот го постигна Хуан Фепиле против Розенборг, а вториот Дејан Блажевски во 93-та минута против Зенит.

Достоен пораз на Вардар

Актуелниот шампион на Македонија за нијанса го поправи впечатокот во играта од првиот дуел во Скопје, но не успеа да стигне до бодови ниту во петтиот обид од групната фаза во Лига Европа. Зенит - Вардар конечни 2:1. Прекрасен волеј на Блажевски во 93-та минута.

Мечот Зенит - Вардар ќе го пренесуваат 66 земји во светот

Фудбалерите на македонскиот првак вечерва од 19 ќе се обидат да го освојат првиот бод во Лига Европа и тоа на тешкиот фронт против Зенит Санкт Петербург. Дуелот во земјава ќе го пренесува МРТ на првиот канал, а во Русија МачТВ и тоа со различни термини во зависност од временската зона во Русија.

15 години од свинската глава кон Фиго на „Камп Ноу“

На 23. ноември 2002-ра се случи нешто невидено до тогаш во светот на фудбалот: не беше првпат Португалецот Фиго да се врати во Барселона во дрес на Реал Мадрид, но првпат го гаѓаа со свинска глава и што уште не.

За Зенит - Вардар има редици за карти како да е финале

Составот на Роберто Манчини со кој Вардарци минаа лошо на првиот дуел во Скопје е сигурен патник во нокаут фаза од Лига Европа. Македонскиот претставник има 0 бодови и не претставува некоја опасност за рускиот гигант, но домашните навивачи направија огромни редици за билети. Без разлика што Вардар не е Реал Мадрид, Зенит нема проблем со верност како нас.

Глупирање во авионот на Челси

Челси убедливо го тресна Карабах на гости со 0:4, победа со која си осигураа место во топ 16 од ЛШ. Потоа ги чекаше нови 6 часа лет за назад. За побрзо да им помине времето се погрижи Антонио Рудигер.

Рекордот на Златан во ЛШ кој е тешко достижен

За шведскиот фудбалски ас кој го повреди коленото на четвртфиналниот меч од ЛЕ против Андерлехт во месец април, имаше стравови дека може да му заврши кариерата. Н тој се врати, синоќа за прв пат го облече дресот на Јунајтед во ЛШ и влезе во книгата на рекорди.

Георгиевски ја продолжи серијата голови на Македонците по светот

Повремениот македонски репрезентативец Даниел Георгиевски постигна ефектен погодок во триумфот на  Њукасл Џетс против неговиот поранешен клуб Мелбурн Виктори од 4-1. Њукасл е прв на табелата со 17 бода после 8 одиграни кола.

Македонија лета на рангот на ФИФА

Ново рангирање и нов одличен напредок на македонската фудбалска репрезентација, која во 2017-ма се надмина себе си со скок од вкупно 90 позиции.

Каде е топката Пјаниќ?

Барселона немаше потреба да дава многу гас на Алијанц арена, бидејќи на овој дуел влезе математички како осминафиналист. Затоа Серхио Бускетс си дозволи еден луксуз на своја половина ала Зи Зу.

Фестивал на голови во Париз, Ристовски со нов настап

ПСЖ безобразен против Селтик кој го декласираше со 7:1. Јувентус и Барса одиграа мирољубиво на меч во кој Меси влезе во второ полувреме. Нашиот репрезентативец учествуваше во триумфот на Спортинг од 3:1 против Олимпијакос од 85-та минута.

Чудесија од гол на Гризман против Рома

Го критикуваат дека има голгетерски пост со недели, дека не влегува во шанси и дека не е фикасен. Францускиот репрезентативец во 69’ минута од мечот против Рома даде неверојатен гол/

Нова мајсторија на Алиоски и нов гол за Лидс

Само што почна второ полувреме од дуелот против лидерот Вулвехемптон, Езџан Алиоски постигна маестрален гол и го намали резултатот на 2:1.

Најлошата серија на Борусија во последните 10 години

На Борусија Дортмунд по првите 5 кола во Бундеслигата никој не можеше да и даде гол, а сега ја ташла кој стигне и никако не може да добие натпревар. Последен пат славеле победа на 30 септември против Аугзбург.

Легендарниот голман со нервни тикови кој стигна до Манчестер Јунајтед

На 10 години малиот Тим не можел да се контролира. Опсесивно трепкал, постојано го чистел грлото со кашлање, нервозно ги спуштал рамениците, ги превртувал очите. Наставниците мислеле дека е невоспитан и некултурен, а тој заврши во Јунајтед.

Разговор меѓу двајца господа во пресрет на Јувентус - Барселона

Вечерашното дерби од ЛШ веќе стана интересно за следење уште пред да почне. Во толку големи екипи, има место само за величини од кои цела фудбалска јавност и старо и младо треба да учи што значи респектирање на противникот.

Иниеста и Буфон одговараат на исти прашања

Две фудбалски легенди седнати на заедничко интервју во пресрет на вечерашната мега пресметка меѓу Јуве и Барса на Алијанц арена. Ги прашуваат за нивните идоли од детството. Андреа одговара: Гвардиола и Лаудруп, а Џиџи: голманот на Камерун, Томас Н`Коно кој го гледал на СП 1990 и поради кој станал голман. До 12 години открива дека играл во среден ред.

Сè што треба да знаете за романскиот фудбал во едно видео

Темишвар - Ботосани 1-1. Дуел од 18. коло на романската прва лига.

Веројатно стариот Милан го гледал ова

Дел од прогнозерите кои синоќа типуваа на Ливерпул после пола саат игра од мечот со Севиља го кружеа овој пар на ливчето. Исто како што го кружеа на времето Милан со Ливерпул.

Информацијата која на фудбалерите на Севиља им даде мотив да изгинат во второ

Да се вратиш во Лига на шампиони од 0:3 на 3:3 е многу тешко. Синоќешниот таков развој на настаните во Шпанија, потсети на финалето од 2005-та, кога Ливерпул тоа му го стори на Милан. Зад овој херојски бод има друга позадина.

Најштосното додавање во ЛШ

Го знаете ли левиот бек на Наполи, Марио Руи Силва Дуарте? Ако вие не го знаете, од синоќа најдобро го знае Бутко од Шахтјор кој уште ја бара топката на Сан Паоло.

Ливерпул прокоцка водство од 0:3, збогум ЛШ за Борусија и Монако

Фудбалерите на Севиља му ја расипаа победата на Ливерпул во 93-та минута со која ќе беа математички први на табела во претпоследното коло од ЛШ. Реал му го истури бесот на АПОЕЛ, а важни гостински три бода освоија и екипите на Лајпциг и Тотенхем. 

Наполитанците се зрели за титула, пазете им ја играва

Чекаат титула скоро три децении од времето на Марадона, а вложија многу пари и донесоа врвни играчи изминативе неколку сезони. Внимавајте на играта на Наполи против Милан, како ги работат уште на своја половина со брза пас игра, а потоа прават одлична транзиција во напад. Имаат 11 победи, 2 нерешни и ниту еден пораз и се први на табела. Со ваква игра, сигурно ќе гризат за Скудетото до крај.

Автогол во кој не знаеш дали е крив играчот или голманот

Дефанзивецот имаше јасна намера, да му ја спушти полека на голманот, и тоа и го направи, арно ама овој беше лошо позициониран. Автогол во Данска за кој сигурно ќе си кубат коси и двајцата.