Аргентинскиот ас на чии удари голманите џабе се фрлаа

Ако по Зинедин Зидан треба да избереме играчиште број 1 од среден ред од тоа време со техника, преглед на игра, дриблинг и елеганција во движење, тогаш одиме со честитки. Среќен 43-ти роденден, Хуан Себастијан Верон.

Првиот тренер на неуморниот Верон кој скоро до 40 години играше фудбал за него вели вака:
„Штом го видов немав никаков сомнеж и веднаш помислив дека ќе стане голем фудбалер. Уште како дете во младинскиот сектор на Естудијантес шутираше подобро од многу играчи кои играа за прв тим. Од 25 метри беше во можност да ја бутне топката каде сака. Во поголемиот број на такви случаи, вториот голман Луис не се ни обидуваше да ја фати“.
Во Аргентина Верон веднаш се истакна и брзо потоа дојде повик од Италија. Прва во него веруваше Сампдорија на која и се придружи во 1996-та година, а потоа преку Парма премина во Лацио кај својот ментор Свен Горан Ериксон, кој веќе го тренираше во Самп.

Во Рим ги помина најубавите години од кариерата и освои Куп на Италија, Супер Куп на Италија, Супер Куп на Европа против Манчестер Јунајтед, но пред се историското Скудето во 2000-та година, годината во која Бјанкочелестите славеа 100 години од своето постоење.
„Во Лацио поминав време во кое бев во најдобрата форма. Две години во топ форма. Во другите екипи играв добро, но имав и падови, за разлика од таму каде се чувствував непобедлив“.
За жал приказната со Лацио му заврши брзо поради кракот на компанијата Чирио на газда Крањоти, кој мораше да го продава најдоброто од шампионскиот состав.

На Верон му се пружи понудата на животот: Манчестер Јунајтед. Сер Алекс Фергусон се појави со 40 милиони кои не се одбиваа и така ги спакува куферите за да слета на Олд Трафорд.
 
По две сезони во Јунајтед каде играше топло - ладно, освои титула во Премиер лига и премина во Челси. Таму го мина најлошиот период во кариерата со многу повреди и само 7 настапи во првенство.
 
Во него уште веруваше Интер каде ја заврши својата италијанска авантура. На 31 година реши да се врати во својата прва љубов, Естудијантес. Таму му заврши фантастичната фудбалска бајка со шампионска титула во Аргентина и четврти трофеј за клубот во Копа Либертадорес.
 
Ако не ви е јасен насловот

9 март 2018 - 13:50