Фудбал

Се појави снимка од журката на Мексиканците со проститутки

Откако мексиканските медиуми открија дека неколку репрезентативци имале бурна ноќ во пресрет на поаѓањето за Русија на Светско првенство, федерацијата реши да не ги казнува фудбалерите а во меѓувреме излезе видео од забавата со 30 проститутки.

Немој да гризеш луѓе и на овој Мундијал

СП 2014 е минато, ама зависи кој како гледа на тоа. Уругвајците на пример не се раат, особено детево кое имаше едно барање од Луиз Суарез да пази што прави во Русија или поточно да не го повтори она со Кјелини. Уругвај е во група со Русија, Египет и Саудиска Арабија. Таткото на детето: Шшш, срамота е демек.

Рој пчели прекинале фудбалски меч во Еквадор

За време на дуелот меѓу ЛДУ Портовиехо и Манта во втората лига на Еквадор во 27’ минута еден гостински играч ненадејно се фрлил на теренот а кога сите присутни сфатиле дека има рој пчели по теренот и тие исполегнале на земја.

ФИФА линкува за Светското до МТВ

Ако уште се прашувате во колку ќе бидат преносите од Мундијалот и дали и во каква зонска разлика сме со Русите, еве ви ги термините на тацна.

Англиски репрезентативец оди на Светско за да ја победи депресијата

Еден од најдобрите леви бекови во Премиер лигата по заминувањето на Герет Бејл од таму, е неговиот наследник во Тотенхем Дени Роуз. Но и бескомпромисниот борец е ранлив како и секое живо суштество па пред јавноста кажал за маките кои ги имал.

Вработи се во Силекс како фудбалер, плата 20.000

Немаш работа, а сакаш да бидеш фудбалер? Вработи се во Силекс Кратово, ама побрзај бидејќи имаш шанса уште три дена. Не ти треба CV.

Како мајка му го испрати Сергеј Милинковиќ на Светско?

После ова како да не типуваш на некој негов гол? За адет се работи, вековна традиција.

Цела нација се моли за Салах, а еден го тегне за раме за селфи

Добри вести стигнуваат за милиони Египќани, нивниот најомилен фудбалер во историјата заздравува после повредата на рамето и би требало да стартува на отворањето со Уругвај во петок. Само што една будала реши да го фати за повреденото место.

Суарез заплака што другар му не оди на Светско

Луиз Суарез и Николас Лодеиро, центарфорот на Сиетл Саундерс во МЛС важат за најдобри другари во репрезентацијата на Уругвај. Нико играше уште и во Ајакс, Ботафого, Коринтијанс и Бока Јуниорс, а по два Мундијали, овојпат нема да игра на Светско зошто отпаднал од списокот патници во Русија.

На 6:6 голманот зема да изводи

Токму така, резултатот е 6:6 во натпревар од 4-та норвешка лига, а голманот е зелен во паметот со овој крајно глупав, несмасен и непотребен рабона потег.

Кратово пријатно го изненади европскиот првак

Базата на селекцијата на Португалија се наоѓа во Кратово (не тоа на Ѕинго). Домаќините доста оригинални и инвентивни. Прво ги пречекаа играчите со погача, а потоа ги вратија во детството сите членови на репрезентацијата со слики во собите, сега и тогаш.

На коментаторот му се врза јазикот на дриблинг на Нејмар

Ти го мислиш уште недоопоравен од повредата и вон ритам, а тој си игра мајтап и крши кички на пријателски пред Светско. Бразил ја збриша Австрија 3:0. Коментаторот е смешки кога треба да ја искоментира оваа игра еден на еден на Нејмар.

Германец на трактор со своето куче тргнал на Светско во Русија

Еден од најзагреаните навивачи на актуелниот светски шампион се вика Хуберт Вирт, има 70 години и тргнал на пат до Русија на трактор.

Прекрасната акција и еврогол на српската репрезентација

Во генералната проба пред Светското на кое ќе играат во група со Костарика, Швајцарија и Бразил, Србите ја декласираа Боливија во австриски Грац со 5-1. Еден од головите беше ремек дело на Бранислав Ивановиќ по убавата акција.

Убав гест на Кристијано Роналдо со расплакано дете

Пред да тргне за Русија со репрезентацијата на Португалија, најдобриот фудбалер на светот во избор на ФИФА се симна од автобусот на селекцијата за да израдува едно дете кое плачеше по него.

Бекам на плажа, 3 од 3

Има шанси да е монтажа или Бекам е Бекам сепак?

До каде само им оди паметот на тоа Балканците за Беневенто

Беневенто Балкан Фанс сезонава се хит број 1 на Фејсбук. На сите тие штосови кои ги испукаа нема што нема да им текне. Пазете ја оваа смешка.

Најснажниот фудбалер во Англија му прати видео порака на Рамос

Адебајо Акинфенва игра за Викомб Вондерерс во Лига 2 (четврта лига по ред). Висок е 1,80 и тежи 103 килограми. Важи за најјак фудбалер во Англија, а на Твитер му прати видео порака на Серхио Рамос.

Ништо од фудбалот, владата митинг има тогаш

Треба еден ден да седнеме и да направиме компилација на вести само од романскиот фудбал. Тепачка ќе биде за прво место.

Дојде и тоа: Премиер лига ќе има зимска пауза

Од сезоната 2019/20 најдобрата англиска фудбалска лига ќе има двонеделен одмор во месец февруари, со цел играчите да бидат одморени за европските натпреварувања и првенства.

Кои се најмногу а кои најмалку платени селектори на Светското првенство

Селекторот на актуелниот светски шампион Германија, Јоаким Лев заработува „грдни пари“ а во долниот дел од листата има еден балкански селектор и еден од Африка.

Топ 10 контроверзи со ВАР кој ќе го има и на СП

Видео технологијата се воведе за да се искоренат судиските грешки, но таа предизвика толку голем бес и конфузија до степен што во Премиер лига донесоа одлука да ја укинат за следна сезона. Тешко на судиите ако не ја користат како што треба во Русија.

Стариот морнар кој ја однесе Данска на Светско првенство

Фудбалскиот пат на Оге Хајреде, селекторот на Данска кој е роден Норвежанец е интересен онолку колку што е интересен и неговиот морелопловски пат по Скандинавија.

Роналдо Јуниор има нешто на татко му

На пријателскиот дуел Португалија - Алжир 3:0, Кристијано Роналдо не беше меѓу стрелците, ама затоа тука беше син му кој по завршувањето на средбата имаше што да покаже. Ножичките не му успеаа, ама затоа фантастично го изимитира татко му со сув лист, удар кој за жал камерата не го ловеше до крај за да видиме каде заврши, а потоа ја плесна во агол за воодушевување меѓу публиката.