Фудбал

Судиска одлука на сезоната која не е лошо да стане правило

Сте слушнале ли за идејата: Ќе бидеш суспендиран онолку време колку што ќе биде отсутен играчот кој си го повредил? Епа ете ја на дело во Бразил, сосем исправно.

Кинезите забранија тетоважи во репрезентација

Владата на најмногубројната земја на светот издала налог со четири принципи за високо-морално однесување во јавност. Ќе се црташ по раце и нозе ама ќе носиш долги ракави и завои.

Перверзната шега на Мертенс

Во термините за пријателски, Белгија очекувано ја суреди Саудиска Арабија со 4:0, а напаѓачот на Наполи твитна неочекувано за својот колега и напаѓач на Манчестер Јунајтед.

Тоти му должи вечера на Михајловиќ за дебито во Рома

Пред 25 години во Бреша дебитираше најважната 10-ка во историјата на Рома, за многумина најдобар италијански фудбалер на сите времиња. Газета дело Спорт до детали го опишува тој историски ден за Серија А од едно друго време кога уште не постоеше Гугл.

Луис Кук заигра за Англија и на дедо му му донесе 17.000 фунти

Минатиот петок пишувавме за дедото на еден англиски фудбалер кои пред четири години кога внук му славел 18. роденден, ставил многу пари дека малиот Луис ќе заигра за „Гордиот Албион“. И ене го сега, чека исплата.

Мохамед Салах може и преку ѕид, прашајте ги децава

Ливерпул ги има можеби најдобрите акции за навивачката база ширум Британија. Последна им беше кога на деца им ветија дека тие што најдобро ќе коментираат фудбалски меч, ќе го запознаат Египќанецот.

Мангупска кражба од 2 милиони евра од трансферот на Де Врај

Касата на Лацио е олеснета на хакерски, ама и наивен начин за трансфер стар 4 години. Кај фрлија пари во бунар, па уште и без играчот ќе останат за две месеци.

Дај друго дете

Лоренцо Инсиње во моментов важи за најдобар италијански фудбалер и предводник на новата генерација млади играчи кои мора да ги оправат „Аѕурите“. Ама како за инает, дека е висок 162 сантиметри, во последно време организаторите се му даваат најголемо дете пред мечот па изгледа како тој да е пратња.

Една баш ретка мајсторија на мал фудбал

Бето е Бразилец. Играше во шпанската футсал лига а денес игра за белорускиот состав Сталица. Последните негови потези беа мајсторски.

Каналите на ФФМ

Седат челните луѓе на ФФМ на важна средба со врвот на ФИФА. Сред напнатиот состанок, на Илчо му стигнува нотификација на мобилниот. Погледнува за што се работи, им се извинува на присутните, станува и оди во WC, да види што ново направило „Смешното мече“.

А ти го знаеш грузискиот Кварежма?

Во шумата пријателски синоќа, Грузија со 2-0 ја победи Естонија. Вториот гол кој во 35’ минута го даде Валери Казаишвили беше елеганција во движење.

Меси крена раце и си отиде на шестиот гол за Шпанија

Репрезентацијата на Шпанија ја прегази Аргентина со 6-1, а кога петтиот и шестиот гол паднаа во рок од неколку секунди, најдобриот играч на светот кој од ложата ја гледаше пријателската реши да стане и да замине пред време.

Мбапе си поигра со руската одбрана

Домаќините на Мундијалот кој стартува за два и пол месеци загубија 1:3 од Франција. Двоен стрелец на мечот кој се играше во Санкт Петербург беше ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе кој прво многу лесно го измами својот чувар, а потоа ја шутна на местото за кое се вели дека два се брои голот.

Дегажман со очи на Де Хеа

Аргентина синоќа доби толку голема лекција и шлаканица од Црвената фурија, што на ред да дојде да асистира и голманот. Шах мат акцијата беше во изведба на Де Хеа и Јаго Аспас од Селта. 

Приказна за фудбалскиот пат на Рафаел Варан

Во историјата на Реал Мадрид играл само еден стопер од Франција - Луи Хон. Тој настапувал за „кралевите“ во ’50-те години и бил еден од првите европски легионери. Денес негов наследник е Рафаел Варан.

Кој сака нека дојде во Мадрид

Ослабената Аргентина која не ги повика Дибала и Икарди, Агуеро е повреден, а Меси неизвесен ќе има тешка задача вечерва (21:30) да се бори со тридецениската луда традиција на непобедливата Шпанија во својата престолнина. Што доминација ќе беше ова.

Фудбалот денес и во времето на Клосе

Иако изгледа како да беше вчера, сепак од седмицата на Германија која му ја додели на Бразил поминаа неполни 4 години. Вечерва играат пријателска, а во пресрет на средбата куса изјава даде најдобриот меѓу најдобрите, кој им го плесна во фаца на тие што не излегуваат без фризура на натпревар.

Прекрасен гол на македонски бисер против Англија У19

Фудбалерите на Македонија до 19 години го играат квалификацискиот меч за Европското првенство У19 против Англија. Иако ги изгубивме сите шанси за пласман на турнирот во Финска летово, Јани Атанасов од Академија Пандев покажа зошто јавноста го смета за наш најталентиран фудбалер.

Лига на шампиони ќе почнува од 21 часот, УЕФА воведува и четврта измена

Но само за продолженијата на финалните дуели во двете елитни натпреварувања. Притоа фудбал во вторник, среда и четврток веќе нема да гледаме од 20:45 туку 15 минути подоцна.

Пијам по 3 литри вода на ден, не можев да го додржам

Голман од четвртата италијанска лига беше искрен до даска околу повикот од природата кој бил неизбежен за игнорирање на сред натпревар, но тоа не му донесе помилување кај судијата.

Да видиме што знае Бускетс со топка

Барселона не се состои само од Меси и Иниеста. Има таму повеќе врвни фудбалски мозоци кои ја кријат топката. Еден од нив е Серхио Бускетс со “скромни“ 473 настапи и вкупно 10 сезони стаж во каталонскиот тим. Од што е многу јак Меси, не може човек да забележи што сè работел на терен Бускетс само оваа сезона.

Голот на кој се чуди цел Парагвај, а и ние

Топ листата на најдобри голови во Парагвај може да се составува ама почнувајќи од втората позиција, бидејќи првата е забетонирана за Хернан Новик. На асистенција со петица, дечкото на својот чувар му направи лудачки дриблинг со петица кроз нозе и ја стави ФИФА во искушение за Пушкаш наградата.

Има 40 години, се вика Кафу и постигна хет-трик за аналите

Не е тој Кафу што мислите, бидејќи тој беше бек и се пензионираше на 38. Овој е анонимен напаѓач кој настапувал во Германија и Португалија, а сега игра во Кипар. Ако постои награда за ветеран на сезоната, него треба да му ја дадат без разлика кој ќе му конкурира. Четири очи отворите да му ги видите головите. Втора младост доживува дечково.

Ветувањето на Дино кој се претвори во ултрас

Името Дино Фава Пасаро веројатно не ви значи ништо. Тој знае како е да се совлада Милан со Малдини на Сан Сиро, а исто така умее да усреќи петтолигаш заедно со навивачите кои ќе го носат цел живот во срце. Има 41 година и кога е со топка се чувствува како дете.