Фудбал

Како во Полска спремаат студио за Лига на шампиони

Пример како треба да изгледа едно студио во кое ќе се пренесуваат, коментираат и анализираат натпреварите од Лига на шампиони кои почнуваат во вторник и среда. Polsat Sport TV дами и господа:

За 11 минути Арсенал сфати колку значи Озил

На денешен ден пред точно 5 години, за Топџиите дебитираше човекот кој ако живее во Битола ќе го викаат „Асистенто“. Толку многу корисни топки во напад додели, што не може да му се избројат. Во сезоната 2014/2015 беше најдобар асистент (19), а првата ја направи за само 11 минути игра во дресот на Арсенал, наменета за Жиру.

Куче на годината

Како ја удира со глава, комотно може да игра во некоја пониска лига.

Како Звезда ја шминка Маракана за ЛШ

Над 100 луѓе работат за да се приспособи и стокми сè како што треба за кам бекот на Црвена Звезда во ЛШ по 27 години. Следниот вторник, на 18-ти им гостува Наполи. Домаќините се во тесно со време, ама ветуваат дека ќе ги исполнат барањата на УЕФА. Прават простор од 500 квадрати за ВИП гости, кој претходно го немале, а прес центарот им е лепота.

Тркало на „среќата“ се врти за одредување казни на играчите на Лајпциг

Ралф Рањик, главниот тренер на РБ Лајпциг кој годинава ќе игра во Лига Европа, сфатил дека класичните казни никако не влијаат на играчите и просто се решил за други методи на казнување.

Најлудиот газда во светот кој седел на клупа како тренер и се самоотпуштил

Оние што се кладат на Англичани, добро знаат дека по League Two, во билтените како понуда стојат и петта и шеста англиска лига именувана како National League. Па не е лошо да ве запознаеме со една приказна од тој нисколигашки фудбал каде претседателот е сè, од тренер до дизајнер.

Серија А му дозволи на капитенот на Фиорентина да носи лента со името на Астори

Тоа е најмалку што можат да го сторат во чест на нивниот вечен капитен кој лани прерано почина и чија смрт ја потресе светската фудбалска јавност.

Енис Барди ги шие сите по вредност во Леванте

Македонскиот репрезентативец минатата сезона не беше само едно просечно засилување во Леванте, туку златно дете со снајперски способности од слободен удар, стрелец на 9 гола и играч кој сега најмногу вреди во клубот.

Голчиште на иднината на португалскиот фудбал

Кога Кристијано Роналдо ќе се повлече од репрезентација Португалците нема да треба да се грижат за позицијата крилен напаѓач. Тука е 18 годишниот Педро Нето, кој важи за најголема надеж во Португалија. Додека Барселона го следеше, Лацио го лапна минатата сезона од Брага. Ова е неговата најнова соло мајсторија за У-20 против Чешка.

Amazon Prime снима серија за Марадона, сите тројца глумци исти Диего

Во блиска иднина ќе гледаме интересна серија за животот на најинтригантниот фудбалер на сите времиња. Луѓето кои го глумат многу личат на него.

Нафрлуваше или шутираше во гол?

Некои лобови така знаат да бидат опасно изведени, што за голманите нема друго чаре, освен да се помират дека нема бранење. И тоа е ова е фудбалерКА од Ајакс на меч од Лига на шампиони против Спарта Прага. Секоја чест за ударов.

И Хаџи мали изведува корнери како Наташа

Има фудбалери кои цел живот шутираат од корнер директ во гол и не можат да погодат, а на малиов му успеа на 19 години. Зборуваме за Јанис Хаџи, син на славниот Георге Хаџи кој е најдобар стрелец во историјата на Романија. Малиов погоди на квалификациска средба против БиХ У21.

Најк прави дресови за Барса, Рома, Челси со мапа од градски локалитети

Другпат во обидите да направат нешто иновативно претеруваа па наидуваа на критики, ама последниов обид им е сосема океј. Ако ги занемариме циркусите бои, замислата им е фина.

Налет со репрезентацииве кога ни ги враќате повредени играчите

Е така е тоа кога на некој му се паднало да брани и клупски и репрезентативни бои. Првите за плата, вторите за чест. Поголем број на натпревари, позгуснат распоред и поголем ризик за повреди. Секогаш страда по некој. Поплаките се од Серија А.

Протест на германски навивачи со пакети овесни снегулки

Како ретко кој во Европа, германските навивачи се борат против лошите појави фудбалот. Така еден навивач на Кајзерслаутерн смислил идеја како да се бори против казната на еден нивен фудбалер.

Роберто Карлос си дроби на футсал

45 години не се баш ок за 11 на 11, ама за во сала се таман, особено за еден од најдобрите и најпрепознатливи бекови во историјата на бразилскиот фудбал. Каква само рутинирано заврши две акции. Браво царе.

Детето кое го гледа својот клуб благодарение на очите на мајка му

Последното бразилско дерби донесе една возбудлива приказна за секој кој верува дека фудбалот не е само спорт. Во реалноста тоа е многу повеќе, особено со вакви упорни мајки.

За Де Лаурентис стадионот на Наполи е крш како полски нужник, му се сели во Бари

Во пресрет на стартот на Лига на шампиони, претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис признал дека ама воопшто не му се допаѓа состојбата на стадионот „Сан Паоло“.

Што е бе кепец?

Мет Миазга е член на Челси кој настапува како позајмен играч во Нант, ама и скаран малку со културата која си ја покажа на пријателската меѓу САД и Мексико. Во ред е да му спискаш ако те изнервирал, ама не на ваков простачки начин. Сите те видоа.

Како може Кореец да те извади од патики

Јужна Кореја и Чиле одиграа без голови во синоќешниот термин за пријателски, и за да не биде се така досадно и неатрактивно, се покрижи Сон од Тотенхем. Апче за смирување му давале на Видал и другар му.

Дојде и тоа време Луксембург да сонува пласман на Европско

Идејата да им се даде шанса на послабо рангираните селекции рамноправно да се борат за пласман на Европско првенство, најдобро ја користи Луксембург кој полека тргнува по патот по кој одеше Исланд.

Фудбалска Италија минува низ најлошата епоха во својата историја

„Разочарување“, „Катастрофа“, „Очај“ се само дел од денешните наслови во италијанските медиуми после уште една мизерна партија на нивните репрезентативци - овојпат во Лисабон каде изгубија 1:0 во Лига на нации.

Просинечки пред и потоа

Гостувањето на Босна и Херцеговина во Белфаст против Северна Ирска (1:2) донесе фотографија која стана вирална по социјалните мрежи. На неа се гледа трансформацијата на Роберт Просинечки.

Тренерот на Челси ги остава цигарите поради татко му

За одличниот италијански стратег Маурицио Сари (59) и неговата страстна пушачка навика летово се пишуваше повеќе отколку за неговиот стил на игра, необичниот живот и тренерскиот пат.