Фудбал

Во Аргентина на фудбал печат скара долу на терен

На мечот од најдобрата аргентинска лига меѓу Атлетико Тукуман и Хименез Ла Плата во кадар се најде и една госпоѓа со наметка со грбот на Атлетико како стои пред огромна плотна и пече скара за гледачите.

Тежок живот стоперски, се лизна во 94-та, примија гол и испаднаа

Во квалификациите за Копа Либертадорес, Гаркиласо од Перу си имаше убави 2:0 во реваншот со Ла Гуаира од Венецуела. Надоместена негативата од 0-1 од првиот меч и сè во ред. Ама до 90+4’ минута од судиско продолжение.

Дијалог на денот меѓу Коларов и навивач

Рома сезонава игра топло ладно, а Александар Коларов не трпи критики и покрај тоа што прокоцкаа високо водство од 0:3 на гости против Аталанта која им се врати на 3:3. Имаше неубав дијалог со навивач на кој воопшто не требаше да му враќа. Навивачот: Разбуди се. Коларов: Разбуди ја мајка ти. 

Рашфорд бе ти ли вака?

По извонредната серија од 8 од 8, Оле Гунар Солскјер се сопна дома против Барнли и среќа што стигна до бод со оглед на тоа се вадеше во 87-ма и 92-ра минута. На 0:0 имаа 100% шанса која не се пропушта. Локум топка за Маркус Рашфорд со голман еден на еден, арно ама овој ја заврши супер за никаде.

Првите голови на Пјонтек за Милан

Полскиот репрезентативец Кшиштоф Пјонтек во својот втор натпревар за Милан по доаѓањето од Џенова постигна два убави гола и најави дека ќе биде големо засилување. Полјакот стрелаше во 10' и 27' минута од мечот од Купот на Италија против Наполи.

Катарци дадоа гол, навивачи на ОАЕ ги гаѓаа со чевли

Селекцијата на Катар е на прагот на историски пласман во големото финале на Азискиот Куп на нации откако води со 2-0 против домаќинот на турнирот Обединети Арапски Емирати. Само што Алмоез го постигна вториот гол за Катарците, следуваше дожд од чевли од трибините.

Феенорд - Ајакс е европскиот Бока - Ривер

Ривалитетот меѓу овие два клуба е голем а стадионите на кои се игра дербито (или „Де Кујп“ или „Јохан Кројф Арена) секогаш се преполни и грмат 90 и кусур минути. Атмосферата на холандскиот Klassieker вреди да се доживее.

Роналдо - фудбалска ѕвезда со 3 жени и преку 200 љубовници

Од срамежливо и не баш симпатично дете кое не ги привлекувало девојките, Феноменот стана еден од најголемите плејбој фаци во градот на модата. А како поинаку кога се дружел со Бобо Виери.

Не е пријатно овој да ти удри глава, а веќе му удри на еден

Во Серија А го имаме Пандев, во Серија Б Несторовски и Трајковски, а сега да видиме што има најново во Серија Ц. Лош, многу лош пример за кој малку е казна од пет месеци.

Земале Јапонци да играат фудбал на плажа против Роналдињо

44 годишниот Жоргињо се повлекува од фудбал на плажа како трет најдобар стрелец со 315 голови на 303 меча за својата земја. На неговиот проштален меч меѓу Бразил и Јапонија, чест му прави Роналдињо. Понатаму сами ќе си видите.

Какво време дојде - американски фудбалери наголемо се селат во Бундеслига

Чудесниот талент Кристијан Пулишиќ кој игра за репрезентацијата на САД и неодамна потпиша договор со Челси (ќе оди на лето), го потегна бранот на кој еден куп млади таленти од Америка доаѓаат на усовршување во Германија.

Фото на денот со фотограф од Ирак

Селекцијата на Ирак е елиминирана од Катар во осминафиналето од Азискиот Куп. Фудбалерите на Ирак разорачани во солзи го напуштија теренот, а вака ја доживеа елиминацијата и еден ирачки фотограф. Тоа се тие емоции за фудбал, па дури и кога те пратиле на работа.

Женскиот фудбалски клуб кој очигледно треба да се проба со машки

Во португалскиот фудбал има нова женска екипа по име Бенфика. Кога ќе видите како и оди во деби сезоната веднаш ќе сфатите дека ја утнале лигата бидејќи нивните резултати не изгледаат на фудбалски, туку на ракометни. Не се за една или две, туку за десет класи појаки од другите.

Џанфранко Ѕола раскажа за дресовите кои ги носел во кариерата

What I Wore се вика емисијата на BT Sport во која легендарни фудбалери заедно со водителот во соблекувална разгледуваат дресови кои ги носеле во минатото. Италијанецот кој се прослави во Челси, Парма и Наполи имаше што да каже од биографијата.

Кристијано ѝ подарил дрес на девојката што ја повреди со топка

Роналдо имаше турбулентна недела. Прво на загревање пред Киево со силен шут погодил некоја девојка од трибините во лице и ѝ го скршил носот. Па во тек на мечот промаши пенал, па беше на судење за затајување данок во Мадрид.

Вистинскиот испит на Солскјер допрва следува

По заминувањето на Жозе Мурињо, Манчестер Јунајтед е во транс. Игра одличен напаѓачки фудбал според филозофијата на нивниот тренер кој беше напаѓач и само победува. Уште три кола, па одат да ги полагаат најтешките испити.

Меси дал гол на 37 стадиони во Шпанија

Барса во неделата ја совлада Жирона, а Лионел Меси постигна убав гол на стадионот „Монтиливи“. Тоа е 37. стадион во Шпанија на кој неверојатниот Аргентинец дава гол.

За ваков ВАР ли се боревте?

Сè е тоа убаво што ФИФА и УЕФА сакаат фудбалот со помош на сите модерни технологии да оди напред, ама кога нешто ќе имплементираш, треба да знаеш и да го применуваш. Судииве во Португалија не гледаат добро или не сакаат да гледаат нешто што сите добро го гледаме. Игра со рака и нема пенал ниту по прегледот на ВАР. Срамотилаци.

Јамајканска Барселона

Кој досега гледал јамајкански фудбал? Во нивната Премиер лига знае да се најде по некој Леон Бејли, а тоа го докажаа од Кавалиер кој славеше 1-3 кај Арнет Гарденс. Првиот гол на извесен Ранкине беше мини-Барса.

Земи прво да ослабеш

Прво, дефанзивецов има мев како на 50 годишник кој игра со другарите во сала, второ, трча тромаво и несигурно и трето не знае основни фудбалски правила, а тоа е да ја подаде како што треба. Инаку ова е меч во Јамајка.

Пред точно 5 години Салах беше во Челси, а Мурињо кажа дека Мохамед бил изгубен човек

Во низата непромислени потези во својата тренерска кариера (Лукаку, Де Брујне, Мата....), најдобриот египетски фудбалер на сите времиња е најголем грев на Жозе Мурињо како тренер на Челси. Ден-денес пробува да се извади за тоа што не го играше Салах.

Видовте ли како Ван Перси го потопи Ајакс?

Феенорд во неделата, пред преполн „Де Кујп“ со 6:2 го прегази најголемиот ривал во Холандија а јунак на мечот беше ветеранот Робин ван Перси кој даде два и намести еден гол.

Гол од корнер на АЗ Алкмар додека голманот на Херенвен спиеше

Во неделата во 19. коло од холандската Ередивизија, АЗ Алкмар со 0-2 на гости го победи Херенвен а вториот гол кој го даде Осама Идриси во 78’ минута беше маестрална замисла и изведба.

Кардиф (не) сака да плати за трансферот на Сала, правник објаснува зошто

Мошне непријатно и помалку бизарно е да се потегне темата за трансферот на младиот фудбалер чиј авион исчезна кај каналот Ла Манш, но од правна гледна точка е важно прашање и сега клубовите треба да дадат одговори.